Што да јадете пред, а што по тренинг?
Вежбањето има важна улога во одржувањето на вашата кондиција и изглед. Меѓутоа на него му припаѓаат само 30 % од таа улога, додека останатите 70% се однесуваат на исхраната.
Без разлика дали сте професионален спортист или рекреативец треба да знаете како правилно да се храните. Само така ќе имате доволно енергија и издржливост за квалитетен тренинг.
Кога што да јадете?
Пред вежбање
Исхраната има улога да го наполни резервоарот на организмот со енергија. Но внимавајте, не треба да консумирате продукти кои предизвикуваат тешкотии во варењето на храната како и храна со многу масти.
Консумирајте храна богата со јаглехидрати или протеини: банани, овошно смути, варен компир, парче месо и салата, јаткасти плодови, житарки и овесна каша, путер од кикиритки, дури може да си дозволите и еден ред од вашето омилено чоколадо.
Јадете најмалку 1 до 2 часа пред тренингот.
После вежбање
Оброкот после вежбањето е најважниот оброк во денот и никако не смеете да го пропуштите. Неговата улога е да го надокнади она што сте го потрошиле за време на треннгот како електролити, минерали, витамини, протеини и енергија.
Затоа добро е да содржи голем број на протеини за синтеза на протеини во мускулите и јаглехидрати за да ги надополнат резервите на потрошен гликоген. Хидратацијата после вежбање е подеднакво важна како и исхраната.
Запомнете, тренингот не треба да ви биде казна. Не можете да надвежбате лоша исхрана.
За да постигнете видливи резултати и да се чувствувате убаво во вашето тело треба да се стремите кон здрава и балансирана исхрана и дисциплина кога станува збор за физичка активност.