Зошто депресијата треба да се лечи како и секое друго заболување
Депресијата претставува пореметување на расположението кое не е одраз на лична слабост и треба да се дијагностицира и лечи како и било која друга медицинска состојба.
Ризик фактори за појава на депресивни нарушувања
- Генетски фактори;
- Притисок од околината: преголеми очекувања, лоши меѓучовечки односи;
- Психолошки фактори: трауми, осаменост, несоодветно справување со проблемите;
- Животен стил: живот во затворен простор, немање контакт со сончева светлина, недостаток на физичка активност;
- Хронични заболувања.
Симптоми на депресија
- Губење на интерес или задоволство во речиси сите активности;
- Значителна загуба или зголемување на телесната тежина;
- Несоница или прекумерно спиење;
- Раздразливост;
- Замор или губење на енергија;
- Чувство на безвредност или голема и несоодветна вина;
- Намалена способност за размислување и концентрација или неодлучност;
- Самоубиствени мисли и нагони;
- Забавено размислување и делување;
- Апатија и песимизам.
Депресија и антидепресиви
Зголеменото препишување на антидепресивните е поврзано со намалување на стапките на самоубиства.
Депресијата доведува до големи страдања за болното лице, слабо функционирање во семејството, на работа или на училиште и може да се појави на која било возраст. Три четвртини од луѓето помислуваат на самоубиство, а околу 10% го прават.
Ова ја прави депресијата смртоносна болест. Зголеменото препишување на антидепресиви е поврзано со намалување на стапките на самоубиства.
Околу 50% од депресивните пациенти остануваат недијагностицирани. Од пациентите на кои им се препишува антидепресиви, само 50% ги земаат како што е пропишано.
Степенот на придржување кон пропишаната терапија е низок, поради што не може да се постигне посакуваното дејство. Негативниот став кон антидепресивната терапија е често одраз на неинформираност и незнаење.
Совети за луѓе кои страдаат од депресија
- Не се изолирајте
- Не се обвинувајте себеси
- Избегнувајте да донесувате важни одлуки
- Побарајте помош
- Спијте доволно
- Хранете се здраво
- Не консумирајте наркотични средства или алкохол
- Вежбајте
- Поставете си помали цели во животот
- Информирајте се
Најважно од се е да дискутирате за проблемот, да разберете и сфатите дека нема ништо срамно и страшно доколку сте дијагностицирани со депресија.
Разговарајте со терапевт, пронајдете физичка активност, музика, книга или креативна активност што ќе ви помогне да се чувствувате подобро и „не кревајте раце“ од себе.