Како се дијагностицира карцином?
Kолку порано карциномот е дијагностициран и третиран, толку поголеми се шансите да бидете излечени.
Некои типови на карцином како оние на кожа, дојка, усна шуплина, тестиси, простата и ректум, можат да бидат детектирани со самопреглед или други скрининг методи уште пред симптомите да станат сериозни.
Во најголем број случаи, карциномот е детектиран откако туморот може да биде почувствуван. Или пак, откако ќе се развијат и други симптоми.
Во неколку случаи карциномот може да биде детектитран инцидентно при преглед или лекување на друга болест.
Дијагноза на карцином
Дијагнозата на карцином започнува со физикален преглед и комплетна анамнеза т.е медицинска историја.
Со лабараториски испитувања на крв, урина и столица може да се откријат абнормалности кои индицираат карцином. Некои методи: копјутерска томографија (КТ), магнетна резонанца (MRI), ултразвук и фибер-оптичка ендоскопија може да му помогнат на лекарот да ја одреди локацијата и големината на туморот.
За потврдување на дијагнозата, потребна е биопсија.
Како се изведува биопсија?
Се зема ткиво од суспектниот тумор и примерокот се проучува под микроскоп за да се воочат туморски клетки.
Ако дијагнозата е позитивна значи дека карциномот е присутен и следните испитувања може да дадат дополнителни информации за карциномот.
Најважно за лекарите е да откријат дали карциномот е метастазиран во околни ткива и органи. Ако почетната дијагноза е негативна за карцином и симптомите продолжат, можеби ќе бидат потребни дополнителни тестови.
Ако биопсијата е позитивна, не заборавајте да побарате второ мислење од страна на лекар, специјалист за карциномот.
Кои се третманите за карцином?
Во зависност од видот и фазата на карцином, третманите за искоренување на туморот или забавување на неговиот раст може да вклучат:
- операција
- терапија со зрачење
- хемотерапија
- хормонска терапија
- имунотерапија
- комбинација од неколку