КожаНевролошки болести

Сончаница-што претставува и како да се заштитите?

Сончаницата е акутно оштетување на мозокот предизвикано од сончево (топлотно) зрачење. За време на високи температури честопати слушаме  дека ни е неопходна  заштита од сонцето, а препораката е да не излегуваме на сонце во периодот од 12 до 17 часот, но зошто. Какви се последиците од долгото изложување на сонце?

Покрај видливите последици како што се изгореници по телото, малаксаност, главоболка, една од посериозните последици кои можат да се јават е сончаницата.

Сончаницата се јавува како одговор на организмот на високата температура и прекумерното изложување на главата и тилот на сонце, а без никаква заштита. Сончаницата почесто се јавува кај децата, постарите со хронични болести и ќелавите луѓе.

Карактеристично за сончаницата е тоа што постои т.н. задоцнета сончаница која се јавува додека спиеме или во  првиот сон.

Кога се јавува сончаницата

Реклама biskviti za deca

Бидејќи се јавува како одговор  на организмот на висока температура, може да заклучиме дека се јавува при долги патувања во превозни средства без клима, на море при неадекватна заштита, но не е исклучено да добиеме сончаница и додека сме на планина, бидејќи таму ултравиолетовите зраци се појаки.

Кои се симптомите на сончаница

Најчесто сончаницата се јавува 6 до 12 часа по изложување на сонце, може да ја препознаеме по несвестица, главоболка, зачестено потење, жешки раце и нозе, сува кожа, црвенило во лицето, може да се јави и повраќање, a покачена е и телесната температура.

Децата се најосетливи на сончаница, но честопати родителите ја заменуваат со некоја инфекција. Ако не се реагира на време и не се дадат соодветни лекови, може да настапи кома, па дури и смрт.

Кога кај некој ќе забележиме знаци на сончаница, треба да го сместиме во разладена просторија, да му ја соблечеме облеката и да му дадеме нешто ладно за пиење. Телесната температура треба да биде под 38.

Кога да побараме лекарска помош

-Ако телесната температура е покачена и покрај дадените лекови и разладување, тогаш може да се работи за некоја друга болест, како што е цревната инфекција.

-Ако дојде до подолго губење на свеста, бидејќи тоа може да биде знак на намален крвен притисок.

-Ако повраќањето е долготрајно, бидејќи тогаш станува збор за потежок облик на сончаница.

Превенција

Сончаницата може да се избегне доколку се користи соодветна заштита за сонце, како што се шеширите, доколку сме изложени директно на сонце. Важно е повеќе време да поминуваме во сенка. Ако сме директно изложени на сонце, а не сме во можност да носиме шешир, треба почесто со да го разладуваме лицето, косата, тилот и многу е важно почесто да пиеме течности.

Исто така, ден после сончаницата не треба да се сончаме, туку треба да престојуваме во разладена просторија и да пиеме течности.


 

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button