Здравје кај жениЛабараторија и дијагностика

Зошто жените треба редовно да прават мамографија?

Мамографијата е рендгенска метода која користи ниска доза на Х­ зраци и е златен стандард во раното откривање на ракот на дојка и други патолошки промени во неа. 

Најчесто се користи за откривање на рак кај жени кои немаат симптоми и ова се нарекува скрининг мамографија. Исто така, се користи и кај жени кои имаат патолошки симптоми од дојките, како топчести или груткасти промени, болка, исцедок од брадавицата или имаат сoмнителна промена која се гледа на скрининг мамографијата и ова се нарекува дијагностичка мамографија.

 

Како се изгледа прегледот ?
Мамографија е процедура која не трае подолго од 20 минути, а користи рендгенски Х зраци. Ќе треба да се соблечете од половина на горе.  Радиолошкиот технолог ќе ве намести во позициите за снимање. Вистинската компресија на дојката трае неколку секунди.  Можно е да почувствувата мала болка кога дојките се под притисок, меѓутоа тоа трае сосема кратко.
На денот на прегледот најдобро е да не користите антипреспирант или дезедоранс бидејќи од тоа може да се прикажат бели точки и да се добие лажен резултат, носете удобна облека, лесна за пресоблекување, прегледот најдобро е да го правите една недела по вашиот менструален циклус. На лекарот или радиологот треба добро да му ги објасните симптомите кога, како и со колкав интензитет се појавиле, а ако одите за прв пат во некоја установа понесете ги со себе сите претходни мамографии и резултати од биопсии или претходни третмани и наоди на дојките.

Зошто жените треба да прават мамографија?

Реклама biskviti za deca
  1. Мамографот овозможува откивање на грутка во дојката дури 2 години пред таа да стане палпабилна.
  2. Рана дијагноза значи и поголема шанса за излекување.
  3. Брза процедура која не одзема повеќе од 20 минути.
  4. Безболен и безбеден преглед, бидејќи се користат современи апарати кои не предизвикуваат несакани дејства.
  5. Препорачлива процедура за жени со фамилијарна историја на карцином на дојка т.е жени кои се носители на мутиран BRCA1/BRCA2 ген.
  6. Се препорачува за жени кои примале хормонска терапија за лекување на стерилитет или други гинеколошки болести.
  7. Секоја жена првиот преглед треба да го направи меѓу 35 и 40 години, а потоа редовно на секои две години без разлика дали има некакви симптоми или не.
  8. Студиите покажале дека мамографот е единствен досегашен метод за рана дијагностика на рак на дојка.

Покрај редовни рутински прегледи кај вашиот лекар, добро е повремено да правите самопреглед на вашите гради.

Бидете одговорни кон своето здравје, бидете пример и охрабрете ги сите жени околу вас.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button