ДијабетесЗдравје од А до Ш

Зошто за добра линија е потребен квалитетен сон?

Во модерното време во кое живееме, адекватна количина на сон се смета за луксуз. Меѓутоа, истражувањата покажуваат од колкава важност е организмот да го добие неопходниот сон, бидејќи долготрајниот недостиг на сон може да резултира во дијабетес и дебелина. Исто така, неколку експериментални истражувања покажуваат дека недостатокот на сон влијае на хормоналната рамнотежа на телото.

 

НЕДОСТАТОК НА СОН КАКО ПРИЧИНА ЗА ИНСУЛИНСКА РЕЗИСТЕНЦИЈА

Инсулинската резистенција е почетен знак за развој на Дијабетис Тип 2, каде организмот не го регистрира нивото на инсулин при што присуството на глукоза во крвта значително се зголемува.

Панкреасот, за да се ослободи од вишокот на глукоза, произведува поголеми количини на инсулин, меѓутоа, инсулинот не е ефикасен во елиминирање на глукозата од крвта во деловите кои можат да ги оштетат крвните садови, очи, како и органите.

Реклама

Поради тоа, панкреасот не успева да го елиминира вишокот на глукоза во крвта и може да дојде до развој на дијабетес. Истражувањата во кои учествувале 28 здрави мажи и жени на возраст измеѓу 18 и 23 години, докажаа дека учесниците кои немале сон 24 часа имаат пореметена динамичка интеракција помеѓу излачениот инсулин и неговото влијание на висината на глукоза во крвта. Друго истажување,пак,тврди дека  недостатокот на сон ја зголемува желбата за внес на храна богата со јаглехидрати што дополнително ја оптеретува бета клетките на панкреасот и равмнотежата помеѓу глукозата и инсулинот.

 

ДИСБАЛАНСОТ НА ХОРМОНИ ВОДИ ДО ПРЕЈАДУВАЊЕ

Во достапната литература наведено е дека недостатокот на сон предизвикува зголемување на хормонот кортизол-хормон за стрес кој негативно влијае на крвниот притисок и висината на глукоза во крвта. Долготрајното зголемено лачење на кортизол предизвикува прекумерена телесна тежина и дијабетeс. Но, покрај инсулинот и кортизолот, пореметувањето на сонот допринесува и до пореметување на работата на хормоните кои директно влијаат на регулирање на внесот на храна во организмот. На пример, докажано е како особа која се бори со несоница има намалено ниво на лептин во крвта, додека во нормални услови, зголеменото ниво на лептин го намалува апетитот и го зголемува трошењето на енергија.

 

НАМАЛЕНО НИВО НА ПОТРОШЕНА ЕНЕРГИЈА

Покрај хормоните, разумен заклучок е дека колку повеќе сме будни, толку имаме и повеќе време за конзумирање на храна, се осеќаме уморно и не сме мотиворани да имаме физичка активност преку која трошиме калории.

Дополнително интересна област за истражување е и влијанието на недостаток на РЕМ фазата која доминира во втората половина на сонот. Некои истражувања покажуваат дека оваа фаза е енергетски повисока од фазата на длабок сон кој преовладува во првата половина на сонот.

Исто така, треба да се спомене и фактот дека мајките со мали деца често тешко ги губат килограмите добиени за време на бременоста, а општо познато е дека сонот им е намален во првите месеци од живото на бебињата.

 

СОВЕТИ

  • одмарајте редовно во ист термин во текот на денот, бидејќи тоа помага во одржување на хормоналната рамнотежа вклучувајќи го и мелатонинот,
  • избегавајте конзумирање на кафе доцна попладне,
  • избегавајте алкохол, бидејќи и покрај тоа што предизвикува поспаност, алкохолот спречува да дојдеме до фазата на длабок сон,
  • намалете ја светлината во просторијата во која спиете, бидејќи светлината влијае негативно во лачењето на серотонинот,
  • мокрете пред спиење,
  • угасете го телевизорот кој го симулира мозокот и го отежнува тонењето во сон,
  • не го користите телефонот пред спиење, бидејќи зрачењето ја спречува синтезата на мелатонинот,
  • бежбајте половина час дневно, но минимум 1 до 2 часа пред спиење,
  • спијте во постудени простории,
  • напијте се напиток на база на билки кој содржи валеријан или друго, делува смирувачки
  • конзумирањето на одредена храна пред спиење може да ви олесни запивањето, На пример, за млекото, кое содржи триптофон, се верува дека влијае на производството на серотонин, има смирувачко дејство и ве успива

 

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button