ДОРУЧЕК
Овесна каша
Состојки
- 250 мл. млеко од јаткасти плодови (јас најчесто користам бадемово млеко меѓутоа било кое млеко ќе биде сосема во ред)
- 50 гр. овесни снегулки
- 1 лажица мед или јаворов сируп (или повеќе по желба)
- 1/2 лажичка цимет
- 1/2 банана, грубо изгмечена**
** Бананата е по желба и слободно може да се изостави. Јас сакам да ја додавам затоа што дава уште по кремаст и густ вкус на овесната каша меѓутоа и без тоа би било подеднакво вкусно
Начин на подготовка
- Во мало тенџерче се додаваат сите состојки (освен бананата) и се става на ниско-средна температура
- Со лажица се промешуваат сите состојки за да се соединат
- Се промешува од време на време за да се избегне загорување
- Потребни се одприлика 5-6 минути односно овесната каша е готова кога овесните снегулки ќе ја впијат течноста и ќе се добие згусната смеса.Доколку смесата почнува да испушта меурчиња тогаш е време да се тргне од оган
- Се додава грубо изгмечената банана во тенџерето со овесна каша и повторно се промешува
- Се додава во длабок сад и се додаваат топинзи по желба. Моите омилени се потпечени јатки,гранола,свежо овошје,путер од јатки,чиа семе и слично.
- Моја препорака е да се сервира и конзумира додека е топла.
РУЧЕК
Пилешка салата
Состојки
- три парчиња пилешки гради
- млака вода + 1 лажичка сол
- 2 лажички сол
- 1 лажичка црвена пиперка во прав
- 1/2 лажичка црн бибер
- 1 лажичка оригано
- Маслиново масло или масло за печење
Начин на подготовка
- Во голем длабок сад се додаваат пилешките гради. Се додава млака вода доволно за сите парчиња да бидат потопени и се додава 1 лажичка сол
- Се промешува и се остава да отстои 20 минути до 2 часа во зависност од колку време имате на располагање
- Се цедат пилешките гради од водата во која се стоени и се премиваат со чиста ладна вода. Се поставуваат на чиста површина и нежно се пребришуваат за да се отстрани останатата влажност
- Се подготвува сад за печење (јас сакам да користам керамички сад за печење меѓутоа било каква тава или сад ќе заврши работа) и се премачкува со малку масло
- Се додаваат пилешките гради на садот и се додава уште малку масло и се премачкуваат со раце за да се распореди маслото насекаде
- Во мало тањирче се мешаат зачините и се додаваат на пилешките гради. Повторно со раце се распоредуваат на сите страни
- Садот со спремните пилешки гради се додава во претходно загреана рерна на 250º и се печат 20-25 минути. Во зависност од колкава е дебелината на парчињата времето на печење ќе варира
- Се вадат од рерна и се оставаат да се стабилизираат со собната температура. Се сечат доколку се конзумира веднаш или се чека да се оладат потполно пред да се складираат во стаклен затворен сад
УЖИНА
Чоколит чип барови
Состојки:
- 90 гр. (1 cup) овесни снегулки
- 120 гр.(1 cup) ореви
- 80 гр. (1/4 cup) јаворов сируп
- 3 лажици кокосово масло, стопено
- малку сол
- 1/2 лажичка ванила, по желба
- 1 пакетче чоколадни капки
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 175º и се поставува хартија на тава за печење. Пожелно е тавата да биде во големина од 20×20 cm или може да се користи тава за печење на леб.
- Во блендер се додаваат овесните снегулки и се пулсира се додека не се сомелат. Се додаваат и оревите и повторно се блендира се додека не се добие смеса на брашно.
- Се додава миксот од овес и ореви во длабок сад и се додава малку сол. Се промешува.
- Се додава маслото, јаворовиот сируп, ванилата доколку се користи и се промешува. Идеално се промешува со чисти раце за сувите со течните состојки темелно се соединат.
- Се додаваат чоколадните капки (се оставаат неколку за да се додат на површината) и повторно се промешува за да се распоредат на целата смеса.
- Се додава смесата во подготвената тава за печење и се распоредува на целата површина еднакво и распоредено.
- Се додаваат останатите чоколадни капки на површината и се втиснуваат во смесата.
- Се пече 10тина минути односно додека не добие малку златеникаста боја.
ВЕЧЕРА
Туна врапови
Состојки:
- 1 конзерва туна во вода (или маслиново масло)
- 1 црвена или зелена бабура
- 1/2 црвен кромид
- една шака ситно исецкан магдонос
- сок од пола лимон
- 1 лажичка оригано
- 1/2 лажичка сол
- малку црн бибер
- 1/2 авокадо
- 1 лажица маслиново масло
- Неколку листови од марула (измиени и исушени)
- По желба: неколку зрна од калинка
Начин на подготовка:
- Во цедалка се додава туната и се цеди од водата или маслиновото масло. Се додава во мал сад
- Бабурата и кромидот се сечат на мали, еднакви парчиња и се додаваат во садот со туната
- Се додаваат и останатите состојки и се промешува додека не се соедини
- Во сад за сервирање се подготвуваат листовите од марула и се додава од туна миксот во секој лист еднакво
- Овој оброк е идеален за претходно подготвување. Враповите може да се чуваат во фрижидер и до 2-3 дена