ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Здраво макало од авокадо

Авокадото е исклучително ценета намирница заради својата содржина на „добри масти“, меѓу кои преовладуваат омега-9 масните киселини.

Во секојдневната исхрана, авокадото може да послужи како нутриционистички вредна алтернатива на намази и сосови богати со заситени масти. Со тоа исто така се намалува внесувањето на калории, натриум и холестерол. Еве еден едноставен и брз рецепт за подготовка на макало од авокадо што може да се послужи како здрава ужинка со интегрални крекери или зеленчук исечкан на стапчиња.

Потребни состојки

  • 1 зрело авокадо
  • 30g фета сирење
  • сок од 1 лимон
  • 2 млади кромида
  • 1 рака магдонос
  • свежо мелен бибер

Подготовка

Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека се добие мазна смеса. Оставете да се олади, па послужете.

Exit mobile version