ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Зголемен е бројот на мажи кои страдаат од сериозни болести- овие знаци не смеете да ги занемарите

Во последните неколку години е во пораст бројот на мажи кои страдаат од посериозни и хронични заболувања. Постојат јасни знаци преку кои телото ви укажува дека нешто не е во ред и затоа не треба да ги игнорирате.

Проблеми при мокрење

Почесто мокрење, проблеми да започнете со мокрење или слаб млаз на урина може да се јават како резултат на зголемена простата. Простатата може да се зголеми заради воспаление или бенигнен тумор, но може да биде и пропратен симптом при карцином на простата.

Промени во тестисите

Правете самопреглед бидејќи карциномот на тестиси се развива за многу кратко време. Доколку забележите било каква промена, грутка, тежина, веднаш разговарајте со уролог.

Самопрегледот треба да биде во 4 чекори:

  1. Застанете исправено пред огледало и набљудувајте ги тестисите. Обидете се да забележите дали постои некаков оток или нерамномерности во положбата на двата тестиса. Потребно е да знаете дека нормално е доколку едниот тестис е малку поголем или ако не се во идентична положба, но разликата не смее да биде драстична.
  2. Нежно опипајте го секој тестис одделно со палецот и показалецот. Обидете се да почувствувате дали постои некоја грутка или оток.
  3. Најдете го епидимисот (семеник) на самиот тестис кој има форма на мала мека цевка. Бидејќи ова е сензитивен предел кај машката популација, не се вознемирувајте доколку почувствувате блага болка или непријатност при проверката. Треба да знаете дека не е патолошка промена!
  4. Проверете ја кожата која ги обвива тестисите( израстоци или промена на бојата)

Крв во столица/урина

Присуството на крв во столицата може да биде знак за хемороиди, но крвавата столица е и еден од симптомите на канцерот на дебелото црево, затоа препорачливи се рутински прегледи. Крвта во урината, исто така, е знак што не треба да го занемарувате.

Промени во усната празнина

Доколку забележите бели или црвени плаки на лигавицата разговарајте со вашиот лекар и стоматолог.

Нагло губење на тежината

Наглото слабеење без да држите диета можеби е резултат на напорна работа, стрес и нередовна исхрана. Често може да биде причина и за проблеми со тироидната жлезда. Иако не е главен симптом за карцином, губењето на повеќе килограми може да биде аларм за присуство на карцином на панкреас, абдомен или бели дробови.

 

Повеќе за карцином на простата прочитајте овде.


 

 

Exit mobile version