„Здравјето е богатство“, значи кога човекот живее здрав духовен, ментален, физички и емоционален живот станува најбогатата личност на светот. На постигнување на целосна физичка и психичка благосостојба на телото и умот влијаат повеќе фактори како исхрана, физичка активност, начин на живот, здрави и нездрави животни навики и така натаму.
Токму затоа, Медицински совет во соработка со Стефанија Несторовска овој прв карантински викенд го нарече здрав викенд и ќе се потруди да ви го направи позабавен, поздрав и исполнет со многу рецепти и совети за здрав начин на исхрана, фитнес инструкции, совети и препораки за физичка активност и многу подароци и изненадувања.
Која е Стефанија Несторовска?
Стефанија е млада и амбициозна двојка, има 26 години и е вљубена во здравиот начин на живот. Таа на нејзиниот инстаграм профил постојано објавува искуства, мислења и совети за здрав живот и многу вкусни, здрави рецепти. Нејзината цел е, како што вели таа, да помогне и да покаже како се градат здрави навики, како се обликува телото без строги диети и ограничувања.
Која е целта на здрав викенд?
Здрав викенд има за цел да ви помогне полесно и поинтересно да го поминетe периодот на изолација, а воедно и да развиете здрави навики и да научите некој нов и интересен рецепт.
Така, се грижите за вашето физичко и ментално здравје и сте на чекор поблиску до целта-„најбогат човек“.
Останете будни и активни, следете совети и рецепти, испробувајте ги и споделувајте.
Во прилог следува предог мени за цел викенд:
Или обратно, изборот е ваш.