Гастроинтестинален системЗдравје од А до ШИсхранаКардиоваскуларен систем

Здраствени придобивки од овесот

Овес (лат. Avena sativa) е цело зрно кое главно се одгледува во Северна Америка и Европа. Овесот е одличен извор на влакна, особено бета глукан, а исто така е богат со витамини, минерали и антиоксиданти.

Поради низа здравствени придобивки, како што е намалување на нивото на гликоза и холестерол во крвта, овесот заслужува да биде дел од вашата секојдневна исхрана.

Во прилог неколку факти кои не сте ги знаеле за овесот:

  • Одличен извор на влакна

Овесот содржи скоро 11% растителни влакна и претежно е растворлив во растителни влакна, во овој случај бета глукан. Покрај растворливите влакна, овесот содржи и нерастворливи – лигнин, целулоза и хемицелулоза. Поради големиот процент на растворливи влакна, овесот ви дава зголемено чувство на ситост и го намалува апетитот.

Растворливиот бета глукан кој се наоѓа во овесот е единствен меѓу влакната бидејќи при релативно ниска концентрација во дигестивниот систем тие формираат гел со водена компонента и со тоа го зголемуваат обемот на цревната содржина и го олеснуваат минувањето на изметот низ дигестивниот систем. На овој начин се одржува здравјето на дигестивниот систем, а со тоа и здравјето на целиот организам. Имено, докажано е дека бета глуканите од овес го намалуваат нивото на холестерол во крвта и го зголемуваат производството на жолчни киселини.

Реклама

Дневната потрошувачка на бета глукан го намалува холестеролот, особено ЛДЛ или „лошиот“ холестерол, што може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

 Количина% препорачан дневен внес
Енергетска вредност389kcal/
Протеини16,9 гр/
Јагленихидрати66,3 г/
Влакна10,6 г/
Масти6,9 г/
Фолна киселина56 мг28%
Магнезиум177 мг47,6%
Фосфор523 мг74,7%
Манган4,9 мг40,8%
Нутритивна вредност на 100 грама овес

  • Го намалува нивото на холестеролот во крвта

Овесот може да го намали нивото на холестерол, што пак може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести – водечката причина за смрт во светот, а високиот холестерол е главен ризик фактор. Способноста на овесот да го намали нивото на холестерол во крвта главно се припишува на неговата содржина на бета глукан. Интересно е тоа што бета глуканот може да ја забави апсорпцијата на маснотии и холестерол со зголемување на вискозитетот на потрошената храна. Храната пак што содржи најмалку 3 грама бета глукан и се конзумира на дневно ниво може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.

  • Може да спречи дијабетес тип 2

Инциденцата на дијабетес тип 2 значително се зголемува во последните години.Оваа болест се карактеризира со несоодветна регулација на гликозата во крвта, обично како резултат на намалена чувствителност на хормонот инсулин. Бета глуканите – растворливите влакна на овесот, се покажаа како корисни при контрола на гликозата во крвта. Откриено е дека дури и мали количини на бета глукан од овес имаат позитивен ефект врз нивото на гликоза и инсулин по консумирање оброци богати со јаглени хидрати.

Студија спроведена со лица кои имаат дијабетес тип 2 и сериозна отпорност на инсулин, четиринеделна исхрана која вклучува овесна каша резултирала со 40% намалување на дозата на инсулин која е потребна за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.

  • Поттикнува чувство на ситост

Чувството на ситост игра важна улога во одржувањето на енергетскиот баланс затоа што не спречува да јадеме прекумерено се’ додека не се појави чувството на глад. Имено, сигнализирањето на изменето чувство на ситост е поврзано со дебелина и дијабетес тип 2. Научна студија која ја рангира ситоста на 38 вообичаени намирници, овесот го рангира на трето место, па дури и на прво место како најзаситувачки оброк за појадок.

  • Овесот може да помогне во ублажување на констипација

Постарите лица често имаат проблеми со празнење на цревата поради зачестен и неправилен моталитет на цревата. За да се решат овие проблеми, постарите лица често прибегнуваат кон лаксативи. Сепак, земањето лаксативи, исто така, покажува разни несакани ефекти како губење на тежината и дехидрација. Па токму поради надворешниот слој на овесот кој е богат со влакна, се препорачува негова употреба за да се ублажи констипацијата.

Токму поради се’ она за што говоревме досега овесот се смета меѓу најздравите житни култури бидејќи е одличен извор на хранливи материи. Исто така, од бета глуканот има голем број здравствени придобивки, а намалувањето на нивото на холестерол во крвта и одржувањето на здравјето на срцето се само дел од нив. Покрај тоа, овесот значително придонесува за чувство на ситост и може да го намали апетитот и да ви помогне да внесете помалку калории. Од сите овие причини, препорачуваме да вклучите овес во најмалку еден оброк во текот на денот и да се уверите во придобивките на оваа разноврсна житарка.

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button