ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Заштита при изложување на сонце

Тенот на кожата е многу повеќе од потемнување на кожата. Клетките во горниот слој од кожата произведуваат пигмент што се нарекува меланин, што и дава боја на кожата и чија задача е да ги штити клетките од апсорбирање на ултравиолетовото зрачење (UV). Кога кожата ќе се изложи на UV зрачење, производството на меланин се зголемува и кожата потемнува. Меланинот обезбедува ниво на заштита од сонцето еднаква на крема за сончање со заштитен фактор 2.

Многу луѓе мислат дека тенот е знак за добро здравје, нотенот е знак дека вашата кожа била изложена на премногу UV зрачење и настапило оштетување. Дури и посветол тен е знак дека кожата се обидувала да се заштити со зголемување на производството на меланин.

Како да се заштитите?

1.Заштитете се со светла и лесна облека и задолжително носете капа или шешир како би ја заштитиле и главата.

2.Нахранете ја кожата со дебел слој на крема со заштитен фактор- Важно е препаратите што ќе ги изберете, да ви овозможуваат заштита од сонце, а воедно ја негуваат кожата.  Комбинацијата на УВА и УВБ – филтри ја спречува појавата на изгореници, го превенира предвременото стареење на кожата  и појавата на брчки.

3.Заштитните креми нанесувајте ги редовно и не заборавајте го балзамот за усни

4.Доколку пиете лекови, проверете дали се фотосензитивни

5. Не се изложувајте на сонце во период од денот кога тоа е најсилно, 10-17 часот

6.Засолнувањето под сенка е ефективно дури до 75% доколку се користи со други заштитни мерки, како на пример, облека, капи, очила за сонце и крема за сончање

Изгореници од сонцето може да се појават за помалку од 15 минути. Кожата поцрвенува за неколку часа од горењето, но изгорениците од сонцето ќе продолжат да се развиваат во следните 1-3 дена по изложувањето на UV зрачење.  Ако имате благи или умерени изгореници од сонцето:

Многу ретко се случуваат посериозни изгореници и последици од изложување на сонце, но при таква состојба консултирајте го вашиот лекар.

Exit mobile version