Стручна Помош

Заштита на кожата и слузниците на здравствените работници кои се борат против КОВИД-19

Денес, во услови на оваа страшна пандемија на огромен ризик се изложени токму оние кои ни се најпотребни, а тоа се сите здравствени работници, особено тие кој се во првите редови и се справуваат со болни од КОВИД-19. Повеќечасовното работење со опрема за лична заштита (маски, ракавици, скафандери) го зголемува ризикот од несакани реакции на кожата.
Со цел да се обезбеди правилна и соодветна заштита на кожата кај здравствените работници кои користат опрема за лична заштита, тим на дерматолози се вклучи во овој проект.
Доц. д-р Катерина Дамевска од Универзитетската клиника за дерматологија во Скопје, обезбеди согласност за ре-публикување од часописот (Chinese Journal of Dermatology) и од авторите на текстот како и од претседателот на Кинесекото здружение на дерматолози.
Оваа публикација и ре-публикација не се спонзорирани. Линк до интегрален текст: https://tinyurl.com/y7wlee9s

Погледнете го видеото: 

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button