Постои познатата фраза „Кажи кој е твојот пријател и јас ќе кажам кој си ти“.
Американските психолози се обидоа да ја утврдат природата на една личност, не знаејќи за нејзината непосредна околина. Тие ја читаат личноста по облеката што ја носат мажите и жените.
Жени
Ако дамата бира да носи мека и удобна пижама од фланел, тогаш таа има мек карактер. Таа е пријатна личност која повеќе би сакала да наоѓа компромис и да не ги доведува работите до конфликт.
Ја сака осаменоста, но има и доста пријатели на кои секогаш е спремна да им помогне во било која ситуација. Не сака да седи дома, со задоволство оди на забави и патува по светот.
Сличен карактер имаат и жени кои ги бираат памучните ноќници или маици. Тие жени се комуникативни и пријателски разположени.
Ги почитуваат своите колеги и пријатели. Имаат цврст карактер и во исто време се дипломатски настроени, можат да најдат заеднички јазик со сите. Од големо значање им е кариерата и нејзин напредок.
Сосема друга работа се дамите кои ги бираат ноќниците до под. Долги романтични варијанти на ноќници бираат тие на кои им е многу битно мислењето на другите, тие нависнина се грижат за својот изглед.
Начесто таквите личности се сентиментални. Пократките ноќниц со чипка се создадени за чувствителни и женствени дами на кои им е најбитна машката љубов и комплименти.
Без облека во кревет легнуваат особи кои што се познати по својата непредвидливост. Нивна особина е довербата во луѓето.
Тие знаат да чуваат тајни, не сакаат озборувања и интриги. Не простуваат неверство, директни се во излагањата и не флертуваат многу. Барем така мислат американските психолози.
Мажи
Мажите кои што спијат само по долна облека се многу грижливи, така велат психолозите. Таков кавалер нема да заборави да честита роденден, ќе ве испрати до дома и со задоволство ќе ве запознае со своите пријатели. Тој сака ред и чистота.
Ако посилниот пол ги бира пижамите, тоа говори за него дека е трудољубив и решителен. Најверојатно таков тип на мажи спортуваат.
Ако мажот го дели комплетот и носи само долни пижами, тоа значи дека тој не се грижи за мислењата на другите, тој е добар човек и најверојатно сака да седи дома.
Креативните мажи со богата емагинација одмараат без облека. Тие се самоуверени, навикнати да го добиваат она што го сакаат и брзо донесуваат одлуки.