Исхрана

Како авокадото влијае на здравјето на цревата?

Воведувањето авокадо во секојдневната исхрана може да помогне во подобрување на здравјето на цревата. Ова се случува со зголемување на бројот и разновидноста на бактериите во цревата.

Авокадото има голем број незаситени масни киселини и диетални влакна. Тие играат важна улога во поддршката на здравјето на цревата и микробиомот.

Бројни истражувања укажуваат на врска помеѓу редовно конзумирање на авокадо и ситоста, како и влијанието врз намалувањето на нивото на холестерол во крвта. Сепак, многу помалку е познато за тоа како авокадото може да влијае на цревните бактерии кои имаат улога во разградувањето на влакната.

Истражување

Спроведена е студија во која се истражувале ефектите од конзумирање на авокадо врз гастроинтестиналната микробиота.

Исто така се испитувала хипотезата дека мастите и влакната во авокадото позитивно влијаат на цревниот микробиом.

Реклама biskviti za deca

Истражена е и поврзаноста на цревните бактерии со резултатите од здравјето.

Во студијата биле испитувани 163 лица на возраст меѓу 25 и 45 години. Сите биле со прекумерна тежина, но здрави.

Испитаниците добивале еден оброк дневно како замена за појадок, ручек или вечера. Една група конзумирала авокадо со секој оброк, додека другата група конзумирала сличен оброк, но без авокадо.

Истражувачите собрале примероци од крв, урина и столица од испитаниците во текот на 12-неделното истражување. Тие исто така имале во предвид колку оброци јаделе и ги евидентирале сите конзумирани оброци на секои четири недели.

Внесувањето на свежо авокадо во период од 12 недели резултирало со промени во фекалната микробиота и зголемени концентрации на микробиолошки добиени метаболити кај возрасни лица со прекумерна тежина и дебелина.

Овие откритија обезбедуваат информации за влијанието на внесот на авокадо врз цревната микробиота.

Имаат и важни импликации за диететски интервенции спроведени меѓу растечката ризична популација на возрасни со прекумерна тежина.

На авокадото се гледа како хранлива намирница богата со важни микронутриенти како калиум, растителни влакна и „здрави“ масти.

Но, ова истражување дава докази дека авокадото може да се смета и за храна што има придобивки за здравјето на цревата.

 

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button