7 придобивки од конзумирањето на вода со лимон

7 придобивки од конзумирањето на вода со лимон

 

 

Во последно време се повеќе луѓе започнаа да ја конзумираат водата со лимонот.

На некои луѓе денот им започнуваа со вода со лимон наместо кафе или чај. Нема сомнение дека лимоните се вкусни, но дали ако ги додадете во вода, тоа ве прави поздрави?

1.Ја зголемува хидратација

Препорачливо е жените да внесуваат најмалку 2,5 литри вода дневно, додека пак  мажите најмалку 3,5 литри вода дневно. Ова ја вклучува и водата која ја внесуваме и преку храната, покрај  пијалоците. Водата е најдобриот пијалок за хидратација, но некои луѓе не им се допаѓа  вкусот, па додавањето на лимон го подобрува вкусот на водата, што може да ви помогне да пиете повеќе вода.

2.Тој е добар извор на витамин Ц

Агрумите, како лимонот, се богати со витамин Ц, примарен антиоксиданс кој помага да се заштитат клетките од оштетување од дејството на слободните радикали. Веројатно сте слушнале дека витаминот Ц може да помогне во спречување и намалување на времетраењето на настинката. Витаминот Ц може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести и мозочен удар и да го намали крвниот притисок. Иако лимонот не е на врвот на листата на цитруси со голем внес на витамин Ц, тој сепак претставува добар извор. Според одредени истражувања сок од еден лимон обезбедува околу 18,6 милиграми витамин Ц, додека препорачаната дневна количина за возрасни е од 65 до 90 милиграми.

3.Го забрзува процесот на губење тежина

Истражувањата укажуваат дека полифенолните антиоксиданти кои се наоѓаат во лимоните значително го намалуваат зголемувањето на телесната тежина.

Антиоксидантните соединенија исто така компензираат за негативните ефекти врз нивото на гликоза во крвта и ја подобруваат отпорноста на инсулин, два главни фактори во развојот на дијабетес тип 2. Постојат докази дека водата со лимон го забрзува процесот на губење на тежината. Пиејќи вода со лимон чувствувате поголема ситост, со што спречувате непотребен внес на калории.

4.Го подобрува квалитетот на вашата кожа

Витаминот Ц кој го има во лимонот може да помогне во намалувањето на брчките на кожата, нејзиното сушење поради стареење и оштетување од сонцето. Многу е важно да ја одржувате влажноста на кожата за да се спречи сувост и појава на брчки.

5.Помага при варење

Некои луѓе пијат вода со лимон како дневен утрински лаксатив за да спречат запек. Пиењето топла или топла вода со лимон кога ќе се разбудите може да помогне го варењето во вашиот дигестивен систем. Ајурведскиот лек вели дека вкусот на киселиот лимон помага да се стимулира вашето „агни“. Во ајурведската медицина, со “агни” му се овозможува на дигестивниот систем полесно да ја свари храната и помага да се спречи таложење на токсини.

6.Го освежува здивот

Дали некогаш сте триеле лимон на вашите раце за да се ослободите од мирисот на лук или некој друг силен мирис? Истиот народен лек може да се примени и при непријатен здив, од јадења со силни мириси како лук, кромид или риба. Можете да избегнете лош здив со пиење чаша вода со лимон после јадење и во наредното утро. Се смета дека лимонот стимулира плунка, а водата помага и во спречување на сувост на устата, што може да доведе до лош здив предизвикан од бактерии.

7.Спречува појава на камен во бубрег

Лимонската киселина во лимоните може да помогне во спречување на појава на камења во бубрезите. Цитрат, компонента на лимонска киселина, парадоксно ја прави урината помалку кисела и може дури и да распадне мали камења. Пиењето вода со лимон не само што е богата со цитрат, туку и самата по себе ви е потребна за да ја спречите појавата на камења или полесно да ги исфрлите.

 

Начинот на подготовка прочитајте го овде.


М.Д

Коментари