Дали сте знаеле дека светски ден на водата е 22 Март и дека во 2010 година, ОН го признаа “правото на безбедна и чиста вода за пиење и санитација“ како човеково право што е од суштинско значење за целосно уживање во животот и сите човекови права.
Човековото право на вода им дава право на сите, без дискриминација, да имаат доволна, безбедна, прифатлива, физички пристапна и достапна вода за лична и за домашна употреба.
Водата како најважен макронутритиент има улога во голем број на витални фукнции во нашиот организам.
За важноста на водата многу говори и фактот дека без вода може да се преживее 2 до максимални 4 дена, додека пак без храна може да се преживее дури и до неколку недели.
Улога на водата во организмот
Внесот на течности во нашиот организам е неопходен за нормално функционирање на бубрезите, срцето како и целиот кардиоваскуларен систем. Едни од најважни улоги на водата во организмот се:
- учествува во скоро сите хемиски реакции во организмот
- помага во регулација на телесната температура
- учествува во транспорт на нутритиенти и отпадни материи
- помага во одржување на Ph рамнотежа
Дали сте знаеле дека околу 60% од телесната тежина кај возрасна личност е всушност водата?
Исто така:
- 75% од мозочната маса ја сочинува водата
- 92% од крвта е вода
- 22% од составот на коските е вода
- 75% од состав на мускулите е вода
Недостаток на вода води до дехидратација
Мал недостаток на вода во оргнаизмот може да предизвика чуство на замор, главоболка, намалена концентрација. Дневно организмот во просек губи 2.5 литри течности преку дишење, екскреција на отпадни материи од организмот како што се потта, урината и фецесот.
Во летните денови кога временските температури се доста високи, услови на зголемена физичка активност како и при состојби како што се дијареата, повраќањето и зголемената телесна температура доведуваат до уште поголема загуба на вода и електролити од оргнизмот кои потребно е да бидат надоместени.
Треба да се напомене дека и внесот на течности и електролити во вакви состојби е задолжителен со цел да се надомести загубата, во спротивно на нашиот организам му се заканува дехидратација. Потребно е да се има на памет дека озбилна дехдиратација може да предизвика дури и смрт.
Колку вода всушност ни е потребно ?
Дневниот внес на течности треба да биде правопропорционален со загубата на истите, а приота треба да се знае дека водата покрај со пиење се внесува и преку храната (овошје, зеленчук) која содржи вода во одредени количини.
Се смета дека дневен минимален внес на вода треба да биде 1.5 – 2 литра. Особено кај личности кои се изложени на високи временски температури, зголемена физичка активност, бременост и доење, внесот на вода треба да биде зголемен.
Дехидратацијата може да биде причина за гојазност и развој на многу болести
Околу 60% од човечкото тело го сочинува водата, кога организмот е дехидриран, крвта станува густа, циркулацијата се успорува, а крвниот притисок се покачува. Голем број на заболувања може да бидат поттикнати од недостаток на вода во оргназимот.
- Замор
Водата е најважен извор на енергија за оргназимот. Дехидратацијата предизвикува успорување на активноста на ензимите, а последиците се замор и исцрпеност.
- Астма и Алеригја
Органите за дишење не можат да сочуваат вода, затоа нивото на хистамин се зголемува.
- Зголемен крвен притисок
Кога организмот е дехидриран, крвта станува густа, циркулацијата се успорува, а крвниот притисок се покачува.
- Покачен Холестерол
Кога организмот е дехидриран, произведува повеќе холестерол за да би спречил дополнителен губиток на вода од клетките.
- Уринарни инфекции
Таложењето на токсини доведува до погодни услови за развој на бактерии.
- Затвор
Органзимот во услови на дехидратација се соочува со зголемена ресорбција на вода од дебелото црево се со цел да се обезбедат услови за други важни функции, па поради тоа отпадните материи поспоро се движат низ дебелото црево.
- Заболувања на дигестивниот тракт
Недостаток на вода и алкални минерали (калциум, магнезиум) може да доведат до низа заболувања на дигестивниот тракт, вклучувајќи го и чирот, гастритот и рефлуксната болест.
- Зголемена телесна тежина
Дехидрираните клетки остануваат без енергија и покрај зголемениот внес на храна
- Прерано стареење
Во услови на хронична дехидратација органите почнуваат предвремено да стареаат, со тоа почнуваат симптомите на стареење.
- Заболување на кожата
Дехидратацијата го успорува процесот на исфрлање на токсини преку кожата, истата станува подложна на разни заболувања вклучувајќи го дерматитот и псоријазата.
- Болки и вкочанети зглобови
Сите зглобови се обложени со ‘рскавица, која претежно е составена од вода. При недостаток на вода телото дехидрира, ‘рскавицата слабее, од друга старана обновувањето на зглобните површини се одвива успорено предизвикувајќи болка и непријатен осет.
Кога ќе осетите жед вие веќе сте дехидрирани
Конзумација на ладна вода го убрзува метаболизмот и согорвува калории, метаболизмот почнува да се убрзува по 10 минути по пиење на вода, а најбрз е за 30 – 40 минути по конзумацијата.
Се проценува дека личност која ке го зголеми внесот на вода за 1.5 литри дневно за година дена ќе согори 17.400 калории, што одговара на загуба во тежина од околку 2.2 килограми .
Една чаша вода содржи: Чаша газиран сок содржи:
0g шеќер 35 g шеќер
0g калории 140 калории
д-р Т. Поповски