Дали витаминските инфузии се безбедни?

Дали витаминските инфузии се безбедни?

Во време кога за имунитетот размислуваме повеќе од кога и да било и сакаме да направиме сѐ како би спречиле настинка, грип или посериозна болест, во медицината сѐ повеќе се зборува за витамински инфузии кои можат да ни помогнат во нашата цел.

Што се витамински инфузии и кое е нивното потекло?

Витаминските инфузии се всушност интравенска терапија. Интравенска терапија е начин на администрација на течност, лекови или нутритиенти директно во крвотокот од каде ткивата и органите многу брзо може да ги превземат овие супстанции.

Првенствено, интравенската витаминска терапија била наменета за луѓе кои се дехидрирани, кои имаат нутритивен дефицит или не можат да примаат лекови орално.

Денеска и здравите луѓе се подвргнуват на витаминска терапија од овој вид како би го зајакнале нивното здравје. Модерниот стил на живот може да го ослабне имуниот систем и општото здравје.

Витаминските инфузии го обезбедуваат тој неопходен вишок и токму тоа ги прави практично решение за зајакнување на имунитетот.

Како изгледа процесот на давање на витаминска инфузија?

Пред самиот третман на сите пациенти им се зема детална анамнеза, а доколку има потреба се зема и примерок од крв за да се види нивото на витамини и минерали во крвта.
Количината на течност, витамини и минерали зависи од индивидуалните потреби на пациентите, нивната возраст и тежина.

Целата процедура трае околу 45-60 минути.

Кои витамински коктели се користат како витамински инфузии?

Често користени состојки во витаминската инфузија се витамин Ц, витамин Б, магнезиум, калциум и цинк. Неретко се користат и аминокиселини и антиоксиданси.

Најчесто користени витамински коктели се:

Myers коктел– во својот состав има витамин Ц, магнезиум, Б витамини и се користи за лекување на многу медицински состојби како и за зајакнување на имунитетот и подигнување на нивото на енергија.

Интравенска инфузија за хидратација – се дава на пациенти кои изгубиле течност преку повраќање, дијареа или после консумација на големи количини алкохол.Исто така, често се дава и на спортисти кои сакаат да ги подобрат нивните перформанси.

NAD+ Anti-Ageing витаминска инфузија– оваа инфузија содржи никотинамид аденин динуклеотид (NAD) кој е есенцијален ензим, присутен во човековите клетки. Примарната функција му е да ја потпомогне регенерацијата на оштетените клетки и да ги намали оптетувањата кои настануваат во тек на оксидативните процеси во организмот.

Детокс витаминска инфузија-содржи есенцијални витамини, течности и минерали кои помагаат во детоксикација на организмот.

Имуно-boost- вклучува намалување на антиоксиданси како што се глутатион, цистеин и аргинин кои му помагаат на организмот во одбрана против вирусни инфекции.

Зошто се добри витаминските терапии?

Бенефитите зависат од состојбата која се третира, протоколот кој е користен, општата здравствена состојба на пациентот како и од бројот на третмани кои се спроведени.

Некои од бенефитите кои ги пријавиле пациенти после примена витаминска инфузија:
• повеќе енергија,
• подобро ниво на шеќер во крвта,
• подобра концентрација,
• намалена честота на главоболки,
• намалено ниво на умор,
• подобар тен,
• помалку воочливи знаци на стареење.

Колку долго трае ефектот на витаминска инфузија?

Вообичаеното време за коешто може да се забележат првите ефекти е од 12-24 часа од примеата инфузија, меѓутоа многу пациенти пријавиле дека се чувствуваат подобро веднаш по примањето на инфузијата.
Ефектите траат од 8 дена до 3 недели во зависност од витаминската инфузија која е применета и од состојбата на организмот на пациентот.

Дали витаминските инфузии се безбедни?

Денеска методата на давање на овие инфузии е многу безбедна, но можно е да дојде до појава на несакани ефекти и реакции. Од таа причина неопходно е да се изврши детален преглед и процена на состојбата на пациентот пред секоја примена на витаминска инфузија.


АМ

Коментари