ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Како да го контролирате високиот крвен притисок?

Неконтролираниот висок крвен притисок (хипертензија) може да биде фатален. Ако Ви е дијагностициран висок крвен притисок, постојат неколку едноставни начини кои ќе ви помогнат да го контролирате.

Земајте лекови како што е пропишано

Лекар може да препише лекови кои го намалуваат крвниот притисок. Дозата на лекот може да варираат во зависност од полот, возраста на лицето или комплексноста на случајот.

Промени во исхраната

Лицето со хипертензија мора да консумира мала количина на сол во неговата храна.

Треба да се избегнуваат јаглени хидрати, мрсна и скробна храна. Треба да се конзумираат

протеини, свежо овошје, зеленчук и млечни производи со малку маснотии.

Редовно вежбање

Вежбањето не само што го намалува  крвниот притисок, туку и го намалува нивото на стрес.

Во зависност од вашето фитнес ниво, возраста и агилност, препорачливо е трчање, јога, пливање, одење, кардио вежбање или дури и аеробик.

Јогата се препорачува за оние на возраст над 60 години или за оние кои имаат проблеми како што се артритис или болка во коленото/зглобовите.

Алкохолот и пушењето оставете ги во минатото

Консумиеање на алкохол не само што предизвикува покачување на крвниот притисок, туку може да влијае и на ефикасноста на лековите за крвен притисок.

Пушењето доведува до артериосклероза (зацврстување) на ѕидовите на артериите, а тоа пак води до низок крвен притисок.

Избегнувајте кофеин

Кофеинот присутен во кафето и зелениот чај  може да има големо влијание врз крвниот притисок. Поединци кои сакаат да го намалат крвниот притисок мора да ги избегнуваат овие пијалоци.

Избегнувајте самостојно лекување

На организмот му треба време да се прилагоди на анти-хипертензивни лекови. Лекарите обично ја менуваат дозата или видот на лекови во зависност од крвниот притисок.

Ниту еден лек не смее да се зема или да се прекине без совети на лекарот. Важно е да се консултирате и да го информирате вашиот лекар во секоја фаза.

Гестациска хипертензија

Кај некои жени бременоста може да доведе до зголемување на нивото на крвниот притисок.

Бремената жена мора да се консултира со својот гинеколог и не смее да консумира лекови без надзор бидејќи тоа може да влијае на бебето.

Редовни прегледи

Пациент кој страда од висок крвен притисок мора редовно да посетува лекар за да провери дали крвниот притисок е под контрола.

Препорачливо е да го проверувате крвниот притисок на секои две недели или месец. Лесно решение за следење на нивото на крвниот притисок е да користите автоматски апарати за притисок кои се достапни на пазарот.

Проверете го нивото на холестерол и креатинин

Високиот крвен притисок е поврзан со холестерол и високо ниво на креатинин. Оттука се препорачува да направите и проверка на холестероло и креатинот.

Exit mobile version