Дали здравата храна навистина ќе ви помогне во битката со вишокот килограми?

Дали здравата храна навистина ќе ви помогне во битката со вишокот килограми?

Честопати сме слушнале „Храни се здраво, за да ослабнеш“. Но, за жал не секогаш е така.

Поголем дел од зравите намирници навистина можат да ни помогнат во губењето на килограми, но не поради бенефитите кои ги имаат за нашето, туку поради тоа што се нискокалорични. Најчесто тоа е зеленчукот и некои овошја.

Но, постојат и здрави намирници кои се многу високо калорични, дури имаат повеќе калории од нездравата храна. Најчесто тоа се јаткастите плодови, авокадото, маслата, сушеното овошје,житарките и сл. Тоа не значи дека не треба воопшто да ги конзумирам, бидејќи тие имаат доста бенефити за нашиот организам, но количините од овие намирници треба  да бидат умерени.

Голем број луѓе прават грешка, со тоа што на нивната секојдневна исхрана додаваат некои здрави намирници (јаткасти плодови, суво овошје…) и очекуваат да ја намалат својата тежина. Но, со тоа само ја отежнуваат битката со вишокот килограми, бидејќи во својата исхрана додаваат вишок на калории, па наместо намалување, може да дојде до покачување на килажата. Здравата храна треба да биде замена за нездравата, а не додаток на тоа што веќе сме го изеле.

Секако дека здравата хран има огромни бенефити врз нашето здравје, па затоа не треба да ја избегнуваме. Здравите намирници треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана, некои во поголема, а други во помала количина. Но тоа што навистина ќе ни овозможи да ослабнеме е калорискиот дефицит, а не здравата храна.

За здрави и вкусни рецепти посете ме на мојот инстаграм профил: https://www.instagram.com/the_fitnesscook/


Мануел Трајчев

Коментари