Психологија

Празничен викенд посветен на читање и пишување слободна литература

Грижата за нашето ментално здравје е подеднакво важна како и грижата за физичкото здравје. Работа на себе, ватрешен мир, едукација и читање книги, добар однос кон самите себе и другите се само дел од работите кои го негуваат и развиваат нашиот ум и свест. Денес, оваа состојба на дистанцирање едни од други и  изолација знаат да бидат депримирачки, депресивни и ни прават да се чувствуваме поосамени од кога и да било.

Имаме долг празничен и карантински викенд пред нас, затоа Медицински совет повторно ќе се потруди да ви го исполни времето и да ве изненади со подароци. Овој пат ќе се погрижиме за вашето ментално здравје и овој викенд ќе го посветиме на читање и пишување на слободна литература. „Читањето книга  е како сонување со отворени очи“ и во период кога сите сме во својот дом, сепак можеме да сонуваме и отпатуваме некаде далеку и да се задлабочиме во некој друг свет. Со читање на книга времето минува побрзо, се чувствуваме порелаксирано, а истовремено го надоградуваме нашиот речник и го развиваме нашиот ум.

Со цел да ви помогнеме да го исполните вашето време, да се инспирирате и прочитате добра книга, но и да си добиете награда, организиравме giveaway.

Како да учествувам?

  1. Направете follow на инстаграм  на medicinskisovet и knigoteka.mk
  2. На story кај вас сликнете ја последната книга што сте ја прочитале и напишете каква поука сте извлекле од неа или ако ја немате кај вас во моментот напишете го насловот на книгата и поуката која сте ја извлекле
  3. Тагнете ги knigoteka.mk и medicinskisovet за да го видиме вашето story

По случаен избор еден од вас ќе си добие ваучер во вредност од 1500 денари oд knigoteka.mk

Реклама biskviti za deca

А, сега сите  на инстаграм, кликнете follow  и среќно.

 

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button