ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Кои физички активности се препорачани за лица со дијабетес?

Физичката активност има бројни бенефиции, вклучувајќи намалување на стресот, крвниот притисок и шеќерот во крвта, одржување на телото во добра форма, како и релаксација после тежок и напорен ден.

Токму од тие причини наведуваме неколку спортски активности кои се лесни и интересни за изведување, а можат многу да им помогнат на дијабетичарите при регулирање на шеќерот во крвта.

Пешачење

Оваа активност може да ја извршува секој и секаде. Пешачењето е една од најпопуларните активноти кои се препорачуваат на луѓето кои имаат дијабетес.

Брзо одење три пати неделно во времетраење од триесет минути до еден час е идеална вежба за сите.

Јога

Иако секоја вежба е добра за вашето здравје, јогата има посебен ефект во подигнувањето на нивото на енергија.

Таа е корисна за сите луѓе кои имаат хронични заболувања, вклучувајќи ги и луѓето со дијабетес. Оние кои вежбаат јога покажуваат позитивни резултати поврзани со концентрацијата, енергијата, самодовербата и благосостојбата.

За само 6 месеци вежбање јога, најмалку еднаш во неделата, ќе ги почувствувате позитивните промени. Истражувањата покажуваат дека јогата може да го подобри нивото на гликоза во крвта.

Танцување

Активност која ја зголемува моќта на мозокот и ја подобрува меморијата. Можете да танцувате дома со омилената музика или да се запишете на некој од курсевите за танц.

Освен што ќе влијаете на намалување на телесната тежина, ќе има и подобрување на флексибилноста, намалување на нивото на стрес, но и шеќер во крвта.

Пливање

Ова е одлична активност за срцето бидејќи пливајќи се подобрува апсорпцијата на кислород. Освен тоа, позитивно влијае и на расположението, ги релаксира мускулите и не ги оптоварува зглобовите.

Пливањето влијае врз намалување на нивото на холестерол во крвта, ги согорува калориите и го намалува стресот. Идеални резултати ќе постигнете доколку оваа спортска активност ја практикувате трипати неделно.

Колку време треба да се вежба?

Препорачливо е луѓето кои имаат дијабетес да вежбаат најмалку 3 пати неделно, средно интензивни физички активности. Најдобри резултати се постигнуваат доколку одржувате континуитет во вежбањето.


Exit mobile version