Многумина, особено жените и девојчињата сакаат да имаат позатегнато тело, но се плашат да вежбаат со тегови, за да не бидат премногу мускулести. Но, дали е навистина така?
Добивањето на мускулна маса е долг и спор процес. За разлика од губењето на масти, каде резултатите се видливи дури во еден месец, за добивањето мускулна маса потребни се години да дојдеме до некои поголеми резултати.
Кога се работи за женските, резултатите се уште поспори. Пред сѐ тоа се должи на помлата количина на хормонот тестостерон, кој е еден од главните хормони кога се работи за добивање мускулна маса. Женските и по многу долго време вежбање, нема да ја постигнат мускуларноста како машките.
Доколку само изгубиме масти, нема да добиеме подобро тело, туку само послаба верзија од она што веќе го имаме. Но, ако вежбаме со оптеретување, ќе го затегнеме нашето тело и ќе изгледа многу подобро. Така ќе бидеме еден чекор поблиску до нашето тело од соништата.
И, секако напорното вежбање нема да има видливи ефекти без здрава и балансирана исхрана. Затоа за повеќе здрави и вкусни рецепти посетете ме на мојот инстаграм профил: https://www.instagram.com/the_fitnesscook/
Мануел Трајчев