Исхрана

Вештачки засладувач: нула калории, но по која цена?

На прв поглед, вештачките засладувачи може да изгледаат како совршено решение. Нула калории е еднаквo на нула вина нели?

Сепак, вашето тело и цревата не го калкулираат тоа така. Овие вештачки засладувачи може да немаат калории, но имаат големо влијание врз вашиот дигестивен систем. И тоа не на добар начин.

Вештачки засладувачи

Засладувачите како како сахарин, сукралоза и аспартам минуваат низ телото без да се варат или апсорбираат.

Затоа храната и пијалоците што ги содржат овие хемикалии имаат нула калории. Телото може не ги вари или апсорбира вештачките засладувачи. Но, тоа не значи дека тие немаат никаков ефект врз дигестивниот тракт.

Всушност, тие нула калории доаѓаат со огромна цена врз целокупното здравје.

Реклама biskviti za deca

Истражувачите откриле дека минувањето на вештачки засладувачи низ дигестивниот тракт, може драматично да влиjae на нормалната микрофлора на цревата.

Влијание врз дигестивниот тракт

Телото не ги вари или апсорбира материите директно. Но сепак, хемиските засладувачи влијаат врз составот и функционалноста на микробите во цревата. Тие пак играат клучна улога во варењето и целокупното здравје.

Кога микробниот баланс на цревата е нарушен, може да страдаат одредени функции како:

  • апсорпција на некои витамини
  • отпорност на штетни бактерии
This image has an empty alt attribute; its file name is artificial-sweeteners1200-1024x569.jpg

Во суштина, вештачките засладувачи имаат штетен ефект врз функцијата на дигестивниот систем, што влијае на тоа како се обработува шеќерот.

Оние кои користеле вештачки засладувачи можат да имаат корист од пробиотик за да помогне во враќањето на рамнотежата, во потенцијално оштетениот дигестивен тракт.

Истражување

Во една студија, на волонтери кои вообичаено не консумирале вештачки засладувачи, им била дадена дневна доза на истите и тоа пет дена.

Во таа кратка временска рамка, волонтерите развиле значително послаба толеранција на гликоза. Толеранцијата на гликоза покажува колку телото е во состојба да го регулира шеќерот во крвта. Лошите перформанси може да доведат до болести како дијабетес тип II.

Можеби најлошиот дел е што вештачките засладувачи со нула калории е што често се промовираат на лица со  дијабетес затоа што не содржат шеќер.

Иако е важно за дијабетичарите да го контролираат внесот на шеќер, заменувањето на шеќерот со хемиски алтернативи всушност би го влошило проблемот.

Нарушувањето во метаболичките процеси што ги предизвикуваат вештачките засладувачи со промена на цревните  микроби , всушност може да предизвика дебелина и дијабет. Иако истите биле создадени за да ги спречат овие болести.

Можете и самите да видите како ова може да биде опасен циклус.

Всушност, ако се погледнат историските временски рамки, употребата на вештачки засладувачи во храна и пијалоци во САД се совпаѓа со драматичното зголемување на лица со дијабет.

Значи, иако овие хемиски засладувачи беа развиени за да помогнат во намалувањето на потрошувачката на шеќер, тие всушност можат да предизвикат нетолеранција на гликоза, дијабет и дебелина.
Кога се презентираат овие факти, јасно е дека користењето на вештачки засладувачи како здрава алтернатива на шеќерот е погрешно, а можеби опасно.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button