Веганство-пријател на нашето здравје или не?

Веганство-пријател на нашето здравје или не?

Што е веганство?- Веганството е начин на исхрана при кој се одбегнува каква било грубост над животните, нивно искористување или искористување за храна, облека и друга намена. За многу луѓе веганството не претставува само одлука за избор на храна која ја внесуваат во својот организам, туку и како таа одлука афектира се што е надвор од нивното тело : животните,планетата и глобалната заедница.

Веганска храна опфаќа житарици,овошје и зеленчук,бораниија,грашок, грав и други мешункасти плодови, соја, тофу и јаткасти плодови и друго.
Но, ако ги оставиме на страна еколошката и етичката страна на веанството, ни се отвораат нови прашања: Што се случува со  нутрицијата,дали нашиот организам ќе биде задоволен со сите нутрициски состојки, протеини, витамини, дали во целост треба да ги отфрлиме производите од животинско потекло за да имаме бенефит од веганската диета ?
Мислењата на нутриционистите и лекарите за оваа тема се поделени. Ниту еден од нив не го оспорува здравствениот бенефит од веганската храна, но мора да се споменат и несаканите ефекти кои може да ги предизвика доколку не се консумира правилно.
Нутриционистите сметаат дека можете да имате здрав вегански начин на живот доколку сте добро информирани и добро ги планирате вашите оброци.

Предности на веганска храна : го намалува нивото на холестерол и заситени масни киселини со што се подобрува работата на срцето и крвните садови,содржи растителни влакна со што се подобрува столицата и се намалува крвниот притисок, чиста и кожа без акни,слабеење, подобрување на концентрација и друго.

Недостатоци на веганска храна : намален внес на витамнин Б12, кој го нема во намирниците од растително потекло. Иако, еден облик од тој витамин се наоѓа во ферментираните производи од соја, алги и никулци од јачмен, тој сепак не е идентичен со витаминот Б12 кој е делотворен во организмот. Резервите на Б12 во организмот се трошат за период од една година, па затоа можат да се јават вртоглавици, губење на свест, замор, намалена концентрација и помнење,анемии. Исто така може да се јави и протеински дефицит, односно дефицит на есенцијални аминокиселини, како и на полунезаситени масни киселини, железо, витамин Д, калциум, јод, цинк и селен кои водат до промени во коските, заби и мускули(поради дефицит на калциум),срцеви заболувања,депресија ,мигрена(поврзани со дефицит на витамин Д).
И покрај ова,вегански начин на живот треба да биде високо индивидуална одлика, но за здрав вегански и живот без последици по вашето здравје, користете суплементи на витамин Б12, калциум, тиква, печурки ,спанаќ,блитва за да ги задоволите потребите на организмот за цинк и железо и секако конслутирајте се со Вашот лекар или нутриционист.

Предлог веган-мени

Појадок:

Цеден сок од портокал

1 парче интегрален леб и 2 лажици путер од кикирики

Ужина:

1 чаша млеко од соја со додаток на калциум

¾ чаша житарки без шеќер

Ручек:

2 интегрални тортилји полнети со 1 лажица грав

¼ лажица авокадо

сечкан домат и салата по желба

обарен кељ со една лажица маслиново масло

1 чаша млеко од соја со додаток на калциум

Вечера:

тофу сирење

½ чаша кафеав ориз

сезонско овошје

Коментари