РецептиФитнесХрана и живот

Вегански чоколадни протеински бомбици

Овие вегански чоколадни протеински бомбици се едноставна ужинка, која ќе ја засити вашата желба за шеќер, а воедно се толку здрави и вкусни што не ќе може да им одолеете.

Потребни ви се само неколку состојки:

280 гр урми
210 гр банани
50 гр какао
60 гр путер од кикирики
половина лажичка сол
60 гр Smart Plant Protein Powder PhD ( вкус chocolate cookie)

PhD Smart Plant Protein Chocolate Cookie

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги урмите и бананите заедно во процесор за храна/ блендер и блендирајте се додека не добиете хомогена смеса.
  2. Додадете ги останатите состојки и убаво измешајте.
  3. Формирајте топчиња со големина по ваша желба.

Начин на чување: Складирајте ги во стаклен сад и затворете ги со капак, чувајте ги во фрижидер, максимум две недели.

Реклама

Доколку сте заинтересирани каде може да го набавите веганскиот протеин, кликнете на линкот во прилог.

https://instagram.com/phdmakedonija?igshid=v4p5690tml4o

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button