ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Кои додатоци во исхраната се задолжителни кај веганите?

Веганизмот е воздржување од употреба на производи од животинско потекло, особено во исхраната. Поединец кој ја следи оваа исхрана или филозофија се нарекува веган.

Бидејќи една од главните причини за потребата од додатоци во растителната исхрана е тоа што во производството на истата не се додаваат толку многу додатоци како во животинските производи.

Причината зошто животинските производи содржат многу витамин Б12, јод и селен е тоа што тие се додаваат во големи концентрирани количини. Но, земањето на одредени додатоци не може да компензира за исхрана која е премногу еднострана или нездрава.

На што треба да внимавате кога купувате додатоци?

Редовно проверувајте ги вредности на крвта за да може да се изберете соодветни додатоци врз основа на крвната слика

За некои хранливи материи, не само што е корисно, туку и потребно е да се провери моменталната вредност во крвта. Ова е единствениот начин со кој можеме со сигурност да знаеме дека соодветните додатоци ќе ви бидат од корист. Исто така  ќе реагираате навремено во случај на недостаток пред да настанат сериозни здравствени проблеми.

Обрнете внимание на високо квалитетните и био додатоци.

Квалитетот енормно се разликува. Многу ефтини препарати содржат помала доза од онаа што ни е потребна или се помалку био-friendly. Но, високата цена во никој случај не е гаранција за добар додаток во исхраната. Напротив, некои производи со висока цена се веројатно само толку скапи затоа што поголем буџет е вложен во маркетинг, но не и во самиот производ.

5-те најважни додатоци за веганите

Во основа има пет додатоци кои се многу важни, а понекогаш и неопходни за сите вегани.

1. Витамин Б12

 Витаминот Б12 е неопходен за здрав организам и неговиот недостаток може да направи фатално оштетување во областа на невроните. Но, од изобилството на препарати Б12, најдобрата опција се капките токму поради тоа што апсорпцијата преку оралната мукоза е најбезбедна.

 2. Витамин Д3

Дали имаме недостаток од витамин Д, зависи помалку од исхраната, а повеќе од изложеноста  на сонце. Тоа пак зависи од местото на живеење и дневните нацики. Препорачливо е да изберете додаток на витамин Д3 кој е веќе комбиниран со активна форма на витамин К2.

3. Селен и јод

За разлика од претходните два витамина, селенот и јодот уште поретко ги внесуваме преку исхраната. Една студија од 2020 година открива дека нивото на јод кај испитаните вегани бил скоро под препорачаниот опсег, а една третина открила сериозни недостатоци.

Иако постојат теоретски можности да се покријат двете хранливи состојки со одредени алги и бразилски ореви, веројатно најбезбедниот и најлесниот начин да се покријат двата елементи со веганската диета е со додаток во исхраната.

И јодот и селенот се неопходни хранливи материи за нашата тироидна жлезда , а со тоа и за целокупното здравје, со оглед на тоа што нашиот хормонски систем е значително под влијание на тироидната жлезда.

4. Калциум

Калциумот всушност може да се покрие релативно лесно со храна од растително потекло, се додека пиеме вода богата со калциум и / или многу растително млеко збогатено со калциум и тофу. Многумина разбирливо прибегнуваат кон вода од чешма од финансиски причини и од еколошки причини. Сепак, тоа може да покрие само минимален дел од потребата за калциум. Водата со повеќе од 400mg / l калциум се смета за богата со калциум.

5. Омега 3

Омега 3 е неопходен за веганите. Дури и ако редовно јадете ленено семе, вие го конзумирате само „претходникот“ на есенцијалните омега 3 масти DHA & EPA, имено АЛА. Ова прво мора да се конвертира во телото во DHA & EPA, што не се случува без ограничување и варира од личност до личност. Бидејќи недостаток на омега 3 може да има фатални последици, особено за нашиот мозок и невролошките функции, постојано треба да се дополнува омега 3 во форма на масло од алги или меки капсули.

Exit mobile version