ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

д-р Т. Поповски – Уртикарија и Ангиоедем

Алергиските болести се доста честа патологија во дерматолошките ординации, а меѓу нив најфреквентни се уртикаријата и ангиоедемот. Имаат идентична етиологја и патогенеза. Kај 45-50% од  пациентит ги има двете состојби, 40-45% од болните се само со ерупција на уртики и 10-12% само со манифестација на ангиоедем.

Уртикарија (urticaria, копривна треска) e предизвикана од алергиска реакција, локализирана на кожа која е отечена, црвена, релјефаста, присутен е и јадеж и пецкање. Според времето на траење може да биде акутна која трае неколку недели или хронична уртикарија која трае многу повеќе.

Предизвикувач на оваа алергиска реакција може да биде лек, козметика, храна, адитиви, габи, бактерии, цревни празити, вируси, прашина, полен влакна, пердуви како и непозната причина.

Постојат различни типови на уртикарија:

Имунолошки условена уртикарија.

Фармаколошки условена уртикарија.

Физикална уртикарија – 15-20% од сите уртикарии имаат физикална генеза.

Неразјаснети (идиопатски) форми.

Дијагнозата се поставува врз основа на детална анамнеза, клиничка слика, методи на елиминација и експозиција како и алерготестирања, но во соодветни услови.

Терапија  подразбира елиминација на алерген, сторга диета и антиалергиска терапија која може да биде перорална или парентерална.

д-р Т. Поповски
ПЗУ ОМНИС

Exit mobile version