Постојат два вида на трансплатацијата на бубрези
- трансплантирање на бубрег од починат дарител (позната како кадаверична трансплантација на бубрези);
- трансплантирање на бубрег од жив дарител (позната како living-donor трансплантација).
- генетски поврзани
- генетски не-поврзани транспланти, во зависност од тоа дали постои некаква биолошка врска помеѓу дарителот и примателот.
Кој е предусловот за трансплантација?
Предуслов за трансплантација на бубрег е крајната фаза од болеста на бубрезите без оглед на примарната причина. Ова се дефинира како раст на гломеруларната стапка на филтрација за 20 до 25% над нормалата. Најголемиот број на пациенти за време на трансплантацијата на бубрег одат на некој тип на дијализа. Сепак, на личностите со хронично бубрежно пореметување кои имаат најдено соодветен бубрег од жив донор може да им се изврши трансплантација пред дијализата да биде потребна. За да биде успешна трансплантацијата дарителот и примателот мораат да имаат иста крвна група (компатибилност на АВО крвните групи) доколку плазмаферезата или ИБИГ не е извршено. Исто така тие мораат да делат колку што е можно повеќе ХЛА и колку што е можно помалку против-гени. Ова го намалува ризикот од отфрлање на трансплантантот и потребата од друг трансплантант. Ризикот од отфрлање може и понатаму да се намалува ако против гените на примателот не се сѐ уште усогласени со ХЛА противгените од потенцијалниот дарител и ако нивото на имуносупресивните лекови се на ниво кое не е штетно по здравјето на примателот.Дали има разлика при постапката на трансплантација од living donor и кадавер?
Кадаверичната трансплантација е трансплантација на органи од починат човек. Сложен процес во кој е вклучена целата организациска способност на државата, Хиерархиски, од национален координатор па надолу. Европската легистлатива дозволува земање на органите од починатиот пациент само после прогласување на мозочна смрт. Тоа мора да биде од тим на анестезиолози, невролози, неврохирурзи, а потоа се бара дозвола од семејството. Иако законот е дециден дека сите ние сме потенцијални дарители на органи семејството ја донесува последната одлука. Living donor трансплантацијата е трансплантација од жив дарител, најчесто дарителот и реципиентот се крвно и фамилијарно поврзани. Трансплантацијата од жив дарител е исто така сложен процес, името на дарителот и реципиентот мора да остане анонимно. Исто така законот не дозволува таргетирано да се даваат органи каде што човек сака да го дарува својот орган на одредена фамилија. Тоа е забрането бидејќи може да се злоупотреби како трговија со органи.Колку време трае целиот процес на трансплантација?
Постапката за трансплантирање на бубрези во просек трае 5 часа. Во зависност од тоа во каква состојба е бубрегот, трансплантираниот бубрег започнува да ја врши својата функција веднаш. На бубрезите кои потекнуваат од живи дарители најчесто им е потребно 3 до 5 дена да го достигнат нивото на нормално вршење на својата функција. На бубрезите од починат дарител пак им е потребно од 7 до 15 дена да започнат со вршење на својата функција. Престојот во болница најчесто е од 4 до 7 дена. Ако се појават компликации, ќе мора да се употребат дополнителни лекови (деуретици) кои ќе му помогнат на бубрегот полесно да произведува урина. Имуно-супресивните лекови се користат за потиснување на имунолошкиот систем за да не го отфрли трансплантот. Овие лекови се земаат се до крајот на животот на пациентот. Отрфрлањето на бубрегот може да биде хиперакутно, акутно и хронично. Акутното отфрлање се јавува во првите 6 дена по извршената трансплантација. Отфрлањето не мора секогаш да значи губење на органот. Но, тоа бара дополнителни третмани на лекување и прилагодување кон лековите.Најчести проблеми кои се јавуваат по извршената трансплантација
- Отфрлање на трансплантот (акутно, хипер-акутно и хронично);
- Инфекции и сепси (труење на крвта) кои настануваат поради употребата на имуно-супресивните лекови потребни за намалување на ризикот од отфрлање на трансплантот;
- Постоперативено лимфопролиферативно нарушување (вид на лимфома поради имуносупресивите);
- Неурамнотеженост на електролитите како што се калциумот и фосфатот кои можат да предизвикаат појава на болести на коските како и многу други болести;
- Други несакани дејства од употребата на лековите се: гастроинтестинално воспаление, гноење во стомакот и хранопроводот, хирситизам, губење на коса, дебелеење, акни, шеќерна болест тип 2, хиперхолестеролимија и други;
Прогноза на болеста
Трансплантацијата на бубрегот е постапка која го продолжува животниот век на пациентот. Статистички гледано еден пациент може да живее 10 до 15 години подолго со трансплантиран бубрег отколку да оди на дијализа. Животниот век на пациентот е подолг кај помладите пациенти. По извршената трансплантација на бубрезите луѓето обично имаат повеќе енергија, помалку ограничена диета и помала можност за настанување на компликации, отколку кај луѓето кои одат на дијализа. Некои истражувања укажуваат дека колку повеќе пациентот одел на дијализа, толку помал ќе биде животниот век на бубраезите. Не е објаснето зошто ова се случува. Но, ја нагласува потребата за брзо пристапување кон трансплантација доколку некој има проблем со бубрезите. Една трансплантација на бубрегот треба да се изврши пред пациентот да започне со дијализа.д-р Сашо Дохчев, специјалист хирург-уролог