Здравје од А до Ш

Тинитус: причини и третман за зуење во ушите

Околу 10% од возрасните луѓе имат некој облик на зуење во ушите (пулсирање, шушкање, жуборење на вода, свирење итн). Дијагнозата на зуењето зависи од причината и видот.

Кои се најчести причини за појава на зуење во ушите?

Зуењето настанува кога има препрека во пренесувањето на звукот од надворешната средина до центарот за слух во кората на големиот мозок. На ниво на слушниот канал тоа може да биде натрупување на ушна маст (церумен). Во средното уво тоа може да биде воспаление, отосклероза, заболување на Евстахиева туба, секрет во увото и др.

Во внатрешното уво каде најголем број на причини може да бидат оштетување на крајните делови на аудитивниот нерв.

На патот до центарот на мозокот, може да се најдат многу причини: тумори на аудитивниот нерв, мултиплекс склероза, последица на повреда на главата, васкуларни заболувања, хипертензија.

Видови на шумови

Шумовите се поделени на еднострани и билатерални, а потоа на акутни и хронични. Хроничните понатаму се поделени на „компензирани“ кога пациентот солидно ги толерира и „декомпензирани“ кога се неподносливи и влијаат на спиењето, работата, расположението, волјата за живот.

Реклама biskviti za deca

Третман на тинитус

Третманот се спроведува на неколку начини:

  1. Кога ќе се отстранат причините и зуењето може да исчезне;
  2. Лекови за стимулирање на циркулацијата;
  3. Тинитус понекогаш претставува психолошки товар, а притоа се третира со антидепресиви;
  4. Понекогаш се користат маскирачи за тинитус, кои произведуваат пријатни и побезбедни звуци;
  5. Слушни помагала кои го засилуваат звукот од околината;
  6. Техника на потиснување или „tinnitus retraining“ терапија заснована на фактот дека аудитивниот систем е поставен така што не ги регистрира сите звуци од околината – ги избира (на пр. Звукот на фрижидерот или часовникот).

Зуењето во ушите, доколку не е поврзано со крвниот притисок, не е под влијание на храна и пијалоци, а секој тинитус пред сè бара испитување и аудиолошки третман од оториноларинголог.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button