Оваа eсен уживајте во придобивките кои ги нуди тиквата, која е богат извор на витамини, минерали и многу други хранливи состојки.
Сигурно многу од вас мислите дека тиквата е зеленчук, но според научните докази таа е овошје, бидејќи содржи семиња. И покрај тоа, нутриционистички е многу послична со зеленчукот отколку овошјето.
Нутрициска вредност
Една чаша варена тиква (245 грама) содржи :
- Калории: 49
- Маснотии: 0,2 грама
- Протеин: 2 грама
- Јаглехидрати: 12 грама
- Растителни влакна: 3 грама
- Витамин А: 245% од референтниот дневен внес (РДИ)
- Витамин Ц: 19% од РДИ
- Калиум: 16% од РДИ
- Бакар: 11% од РДИ
- Манган: 11% од РДИ
- Витамин Б2: 11% од РДИ
- Витамин Е: 10% од РДИ
- Железо: 8% од РДИ
- Пектини
- Целулоза
- Мали количини на магнезиум, фосфор, цинк, фолати и неколку витамини од групата Б.
Тиквата како лек
Тиквата претставува добар диуретик, а се препорачува и за проблеми во желудникот, кога имате потешкотии во цревата, псоријаза. Ја зајакнува заштитната обвивка на нервите и делува смирувачки.
Семки од тиква
Семките од тиква се одличен извор на белковини, минерали и витамини. Содржат бета-каротен, фолна киселина, калиум, фосфор и магнезиум. Преку семките ја добиваме и омега-3 масната киселина која е познат чувар на срцето, но и на видот и расположението. Чипсовите заменете ги со семки од тиква и уживајте додека го гледате вашиот омилен филм.
Масло од тиква
Уште еден производ од тиквата кој го привлекува вниманието на широката популација е маслото од тиква, кое содржи заситени масни киселини, голем процент на бета-каротен, витамин Е и калиум. Лецитинот содржан во маслото помага за спречување на артериосклероза и позитивно делува за намалување на холестеролот во крвта. Во 100 грама масло од тиква има 900 калории. Ако се плашите од калориите, помислете дека за вкусна салата доволна е само една мала лажичка масло. Најдобро е кога е ладно цедено исто како маслиновото масло.
Покрај фантастичниот вкус, тиквата е поврзана со многу здравствени придобивки. Затоа, секогаш кога ќе имате можност, тиквата нека биде дел од вашата трпеза.
АМ