COVID-19

СЗО предложи пробна терапија против ковид-19

Во последните неколку денови, во повеќе држави во Европа, а и кај нас според препораките на СЗО воведена е така наречена „off-label“  терапијa, која можеби е идниот лек против коронавирусот.

Што значи „оff-label“ терапија и од што се состои? Тоа значи дека терапијата не е влезена во препораките на самите лекови кои се користат за таква терапија, без дефинирани индикации, не сакани ефекти или дози кои треба да се употребуваат за лекување на дадена болест. Конкретно во случај на коронавирус, како off-label терапија се користат лековите хлоркинин и азитромицин.

Оваа комбинација на лекови (хлоркинин и азитромицин) досега е користена во Франција и првите резултати се охрабрувачки. Деновиве започна и на неколку клиники во Њујорк. Меѓутоа терапијата со хлоркинин и азитромицин има и своја негативна страна.

Хлорокинот и нему сличниот хидроксихлорокин, имаат несакани ефекти и тоа е една од причините зошто научниците не сакаат да ги препорачуваат без дефинитивен доказ за нивната полезност против коронавирусот.

Несакани ефекти: главоболка, дијареа, губење на апетит, исип на кожата, алопеција, промени во расположението, заматен поглед, проблеми при гледање и читање, проблеми со слух, мускулна слабост, поспаност, конвулзија, повраќање, аритмија, тахикардија и проблеми со дишење.

Реклама biskviti za deca

Поради токсичноста на лекот и наведените несакани дејства се препорачува и се советува лекот да не се зема на своја рака.  Дури и пациенти кои се позитивни на корона вирус и се со лесни или потешки симптоми на истиот, не смеат да го консумираат  лекот без претходна консултација и препорака од лекар.
Пациентите кои се ставени на ваква терапија претходно биле изложени на разни иследувања и тестирање, меѓу кои е ЕКГ (електрокардиографија ), бидејќи и при многу мала и занемарувачка абнормалност на ЕКГ кривата  оваа терапија може да има фатален исход.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button