Цисти на јајниците или синдром на полицистични јајници-Што е разликата?

Цисти на јајниците или синдром на полицистични јајници-Што е разликата?

Цисти на јајници и синдром на полицистични јајници (СПЈ) се поврзани состојби каде што многу од симптомите се поклопуваат, па честопати жените се збунуваат од овие два термина или погрешно се наведени да веруваат дека имаат синдром на полицистични јајници.

Најзначајната разлика помеѓу двата случаја е во тоа што СПЈ резултира во значителна хормонална нерамнотежа, што обично не е случај со цисти на јајниците. Исто така, можно е жените да имаат повеќе цисти на јајниците без да страдаат од синдром на полицистични јајници.

Иако има сличност во имињата, ризиците и медицинските третмани многу се разликуваат . Цистите на јајниците се нормална варијација на јајниците, додека СПЈ е дијагностицирана состојба со кратки и долгорочни последици.

Синдром на полицистични јајници(СПЈ)

СПЈ е метаболичка состојба која се јавува кај  1 од 10 жени, јајниците имаат абнормално голем број на фоликули на нив.

Овие фоликули не се штетни, но можат да предизвикаат хормонална нерамнотежа, што често резултира во неколку проблеми, како што се нередовни менструални циклуси  или нивно отсуство, зголемување на телесната тежина, тешкотии при забременување, прекумерна влакнетост на телото, акни или мрсна кожа. Овие симптоми обично се појавуваат во текот на тинејџерските години.

За да може жената да биде дијагностицирана со СПЈ, треба да има најмалку две од следниве три карактеристики:
  • неправилни или недостаток на менструалниот циклус,
  • високо ниво на машки хормони(тестостерон),
  • полицистични јајници, т.е. јајниците се малку поголеми од вообичаено и имаат двојно поголем број на фоликули (простори исполнети со течност во јајниците кои ги ослободуваат јајцата кога овулатирате).

Повеќе од половина од засегнатите жени немаат никакви симптоми, па затоа е тешко да се дијагностицираат во раните фази.

Точната причина за настанување е непозната, но честопати е наследна и е поврзана со абнормални нивоа на хормони, вклучително и високи нивоа на инсулин. Иако нема познат лек, се третираат само симптомите. Лековите обично се препишуваат за третирање на симптоми како што се нередовни менструални циклуси, неплодност и прекумерен раст на влакна. Во потешки случаи, може да биде потребна хируршка процедура.

Повеќе за цисти на јајниците прочитајте овде.

Драгана Тасевска

Коментари