29 септемви: Светски ден на здравјето на срцето

29 септемви: Светски ден на здравјето на срцето

 

 29 септември e Светски ден на срцето. Светската здравствена организација (СЗО) ја потенцира потребата од зајакнување на превенцијата од срцев и мозочен удар. Од кардиоваскуларните заболувања умираат околу 17,9 милиони луѓе годишно, што претставува 31% од сите смртни случаи во светот.

Главен предизвикувикувач на овие болести се употреба на тутун, нездрава исхрана, физичка неактивност и прекумерена употреба на алкохол. Најчесто се јавуваат кај луѓето со висок крвен притисок, висока гликоза во крвта и прекумерна тежина и дебелина. Сите овие ризици се штетни за доброто здравје на срцето.  Преку Глобална иницијатива за заштита на  срцето, СЗО ги поддржува и поттикнува владите ширум светот да ги засилат напорите за спречување и контрола на кардиоваскуларните болести.

Кардиоваскуларните болести се најголем причинител за смрт на глобално ниво. Кардиоваскуларните болести се група на нарушувања на срцето и крвните садови , односно се манифестираат како коронарна срцева болест, цереброваскуларни заболувања, ревматско срцево заболување и други состојби. Четири од пет смртни случаи од КВБ се резултат на срцев удар и мозочен удар, а една третина од тие смртни случаи се јавуваат предвреме кај луѓе на возраст под 70 години. Поединци изложени на ризик од КВБ може да покажат висок крвен притисок, глукоза и липиди, како и прекумерна тежина и дебелина. Сѐ ова може лесно да се испита во установите за примарна здравствена заштита.
Идентификување на лица со најголем ризик од КВБ и обезбедување на соодветен третман може да спречи прерана смрт.

Нутрацевтскиот пристап за борба против растечкиот товар од КВБ, претставува одлично решение од коешто придобивките се многу големи. Нутрацевтик е медицинска или нутриционистички функционална храна. Функционална храна е онаа што, покрај основната диета, обезбедува и здравствени придобивки. Потрошувачката на храна богата со полифенол е поврзана со помал ризик од кардиоваскуларни болести, смртност, како и миокарден инфаркт и мозочен удар, како кај општата популација, така и кај пациенти со кардиоваскуларни ризик фактори. Се верува дека полифенолите се главно одговорни за оваа заштитна улога. Карактеризирани како соединенија со фенолни структурни својства, тие се класа на природни биоактивни супстанции со голем број антиатерогени својства, вклучувајќи антиинфламаторни, антитромбоцитни и вазодилатациони ефекти, кои имаат способност за намалување на крвниот притисок  за спречување на оксидација на липопротеини со ниска густина и да се подобрат профилите на гликоза и липиди.

Овошјето, зеленчукот, чајот, чоколадото и виното содржат голема количина полифеноли. Меѓу нив, зрната какао се едни од најбогатите познати извори на флавоноиди, а нивните заштитни својства биле препознаени и користени од неколку култури низ вековите. Интервенциски студии сугерираат дека конзумирањето  на какао, како и внесот на зеленчук и овошје, има голем број корисни ефекти врз здравјето на кардиоваскуларниот систем, вклучително и намалување на крвниот притисок, подобрување на васкуларната функција, намалување на агрегацијата и адхезијата на тромбоцитите, развивање на антиинфламаторни својства и подобрување на метаболизмот на гликоза и липиди. Овие позитивни ефекти се забележани кај здрави лица, како и кај пациенти со  ризик фактори(артериска хипертензија, дијабетес и пушење) или веќе утврдена КВБ (корорнарна срцева болест или срцева слабост). Различни потенцијални механизми, вклучително и зголемена биорасположивост на азотен оксид (NO) и антиинфламаторни и антиоксидативни ефекти, се поврзани со заштитните својства на какаото.


Мирјана Димитриевска

Коментари