ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

2 април-Светски ден на свесност за аутизмот

Аутизмот, исто така наречен нарушување на спектарот на аутизмот (autism spectrum disorder -ASD), е комплициранo невролошко заболување кое вклучува проблеми со комуникацијата и однесувањето. Може да вклучува широк спектар на симптоми и вештини. ASD може да биде помал проблем или пак попреченост за која е потребна целосна нега во специјална установа.

 

Од каде доаѓа терминот аутизам?
Зборот аутизам потекнува од грчкиот збор „авто“, што значи „јас,себе“. Опишува услови во кои лицето е отстрането од социјална интеракција. Со други зборови, тој/таа станува изолиран/а, повлечен/а во себе.

 

Кои се симптомите?
Симптомите може да бидат многу благи или многу сериозни.
Некои деца кои се во спектарот на аутизам почнуваат да покажуваат знаци уште многу мали, на неколку месеци.  Други, се чини дека имаат нормален развој во првите месеци или години од животот, а потоа на околу 3- годишна возраст почнуваат да покажуваат знаци и симптоми на аутизам.

Децата и луѓето со аутизам имаат проблеми со комуникацијата и социјалните вештини:

Исто така се однесуваат на начини кои се невообичаени или имаат интереси што не се типични:  

Личностите со аутизам може да бидат просечно или натпросечно интелигентни, но  може да имаат проблеми со учењето. Нивните вештини може да се развиваат нерамномерно. На пример, тие би можеле да имаат проблем да комуницираат, но необично се добри во уметноста, музиката, математиката или меморијата.

 

Причини за појава на аутизмот

Долго време се претпоставува дека промени на  генетско, когнитивно и невронско ниво се карактеристичната тројка која предизвикува симптоми за аутизмот. Аутизмот има цврста генетска основа, но генетскиот состав за аутизмот е сложен и не е јасно дали АSD се објаснува повеќе со ретки мутации, кои имаат огромни ефекти, или, пак, објаснувањето се состои од мултигенски интеракции на нормалните гени. Сложеноста поизлегува од интеракцијата меѓу повеќе гени, околината и епигенетските фактори, кои не го променуваат составот на ДНК, но се наследни и влијаат врз репродукцијата на гените.

 

Дали идните родители може да спречат појава на аутизам?

Докторите не може со сигурност да ви кажат зошто се појавува и дали може да се превенира појава на аутизам кај детето, меѓутоа советуваат:

 

Дијагноза

Рана  дијагностика може да направи огромна разлика во животот на децата со нарушувања на спектарот на аутизмот (АSD) и нивните семејства. Но, не е секогаш лесно да се дијагностицира аутизам. Не постои лабораториски тест за тоа, така што лекарите се потпираат на набудување на однесувањето на многу мали деца и на тврдењата и грижите на родителите.

 

Третман

Аутизмот не може да биде целосно излечен, но со бројни терапевтски методи може да се контролира. Штом се направи дијагноза, обично се организира детална дискусија со специјалисти (психијатар, невролог, логопед, психолог и оториноларинголог). Колку повеќе внимание, охрабрување и грижа им се дава на лицата со аутизам, шансите за подобрување на квалитетот на нивниот живот се поголеми. Голем е чекорот за детето да го направи она што го баравте од него или да ве праша нешто. Иако ситуацијата може да се смени во следната минута, сепак детето покажало одредено ниво на социјална интеракција – што значи дека треба со повеќе работа со терапевтите може да се постигне повеќе. Иако ситуацијата (особено кога децата се помали) се чини дека е целосно безнадежна – некои деца речиси целосно  закрепнуваат преку бројни третмани и растат како релативно совесни и нормални членови на општеството. Кога велиме нормално, тоа не значи дека децата со аутизам се помалку вредни или не се нормални, но нивната комуникација е различна, за поголемиот дел од општеството е незамислива и неразбирлива.

 

Бидете хумани, подајте рака, бидејќи различноста е убава!

 

Exit mobile version