Инфективни болести

24 април-Светски ден на менингитис

Темата за Светски ден на менингитис оваа година  е ДА ГО ПОБЕДИМЕ МЕНИНГИТИСОТ.

ЕМСА –европска медицинска студентска асоцијација секоја година на различен начин го одбележува денот на менингитисот, меѓутоа ова година поради состојбата во која се наоѓаме потсетувањето и поддршката на лица кои страдаат од менингитис ја упатуваат виртуелно и имаат да кажат неколку податоци и факти за болеста.

Што е  менингитис ?
Менингитисот претставува заразно заболување предизвикано од вирус,бактерија или некои габи, а се карактеризира со воспаление на менингите, односно мембраните кои го обвиваат мозокот. Ова заболување најчесто е резултат на инфекција која до мозочните обвивки може да дојде преку крвната циркулација или од околни структури (параназални синуси, средното уво и др.).

 

Симптоми
Менингитисот може да направи многу промени во животот и да остави трајни последици, затоа навремено откривање е клучно. Првите симптоми се обично треска, повраќање, главоболка и чувство на гадење. Болка во екстремитетите, бледа кожа, ладни раце и нозе често се појавуваат порано од осипот, вкочанетост на вратот, иритација на светлина и збунетост. Менингитисот предизвика оштетување на органи, на слух, повреди на мозокот.

Реклама

 

Што да правам ако се сомневам дека  некој е болен од менингитис?

1.Верувајте на вашите инстинкти. Некој што има менингитис би можел многу брзо да се разболи. Веднаш побарајте медицинска помош ако се сомневате во менингитис -тоа е трка со времето.

2.Ако сте сериозно загрижени за некој што е болен, односно пројавува некои од горенаведените симптоми, не чекајте да се појави осип – побарајте лекарска помош. Но, ако тие веќе се болни и добиваат нов осип или дамки, користете го Glass тестот за менингитичен раш. Цврсто притиснете по осипот со  стаклениот предмет. Ако осипот не исчезнува при притисок, побарајте итна медицинска помош веднаш.

Проверете го целото тело. Внимавајте на ситните црвени или кафеави обележја кои можат да се променат во поголеми црвени или виолетови иглички и меури со крв.

Колку е потемна кожата, толку е потешко да се види осип, па проверете полесни области како дланките на рацете и стапалата на нозете или погледнете во очните капаци и покривот на устата.

3.Секој може да се разболи од менингитис во секое време, а смртта може да настапи за само неколку часови. Постојат ефикасни вакцини скоро против сите најчести видови на менингит. Но, постојат и менингити кои не се превенираат со вакцини . Затоа, добро прочитајте ги уште еднаш и запомнете ги  симптомите и знаците на менингит.

 

Сите ние можеме да дадеме придонес во победа над менингитисот. Како?

  • Вакцинирајте се и заштитете се себеси и спречете натамошно ширење на болеста;
  • Меморирајте ги симптомите на менингитис и бидете свесни дека бара итна медицинска помош;
  • Секој од нас може да покрене иницијатива за формирање на разни друштва,студентски организации и слично за поддршка и подигнување на јавната свест за ризикот од менингитис кај популацијата.

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button