Многу често секој од нас има проблеми со усната шуплина и најчесто тоа се минорни проблеми кои доколку на време се санираат не се опасни по нашето здравје. Но, некои од проблемите се аларм за посериозен проблем и затоа е многу важна редовна посета на стоматолог.
Во прилог неколку проблеми за кои е препорачлив преглед од стоматолог.
Забоболка
Кога ќе се појави првиот знак на забоболка, посетете го вашиот стоматолог. Одложувањето на посетата нема да помине добро и ќе им наштети на вашите заби, па дури може да дојде и до губење на забот.
Болка во вилиците
Болката во вилицата може да биде предизвикана од сериозни и долготрајни забоболки, проблеми со синусите, често чкрипење со забите (бруксизам) и неконтролирано работење на мускулите во пределот на вилиците.
Лош здив
Привремениот лош здив, предизвикан од она што во моментот сте го јаделе или пиеле, не е причина за аларм. Но консултација и преглед кај стоматолог треба да побарате доколку подолго вашиот здив мириса непријатно. Тоа може да биде предупредувачки знак дека има некаков процес во непцата или се работи за посериозно заболување.
Крвавење од непцата
Крвавењето од непцата може да биде предизвикано од агресивно четкање при миењето на забите или да е прв знак за појава на гингивитис или заболување на непцата. Доколку скоро сте правеле третман за белење на забите, крвавењето може да потрае неколку дена по третманот. Но, ако крвавењето се јавува без одредена причина задолжително посетете го вашиот стоматолог.
Габични инфекции во усната празнина
Габичните инфекции во усната празнина може да не се видливи со голо око, но ако не се третираат навремено може да бидат многу болни и да имаат сериозни последици.
Скршени заби
Скршените заби најчесто се резултат на повреда, чкрипење со забите или ненавремен третман. Ако забележите болка при џвакање, посетете го вашиот стоматолог.
am