ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Стеатоза или замастување на црн дроб

Стеатозата е состојба при која има акумулација на огромна количина масти(триглицериди) во клетките на хепарот(црн дроб).
Најчесто е предизвикана од обезност, дијабет или хроничен алкохолизам.

Постојат две форми на ова заболување:

  1. Неалкохолна стеатоза-најчесто се јавува при инсулинска резистенција која ја супримира синтезата на гликоза во црниот дроб, а потенцира синтеза на масти.
  2. Алкохолна-се јавува заради континуирана и хронична злоупотреба на алкохол

И двете форми доведуваат до намалена оксидација на масните киселини во хепарот при што тие руптурираат, од нив се ослободуваат масти кои заедно со неоксидираните масни киселини водат кон натамошно оштетување на хепарот.

Фази на болеста

  1. Стеатоза или обична замастеност на црн дроб
  2. Алкохолен стеатохепатитис, неалкохолен стеатохепатитис
  3. Фиброза
  4. Црнодробна цироза

Која група пациенти е со зголемен ризик за развиток на масна болест на црниот дроб?

Превенција и лекување

Повеќето пациенти немаат никакви симптоми и се во првата фаза од болеста. Оваа состојба може да се подобри или комплетно да се излекува со  губиток на телесна тежина и зголемена физичка активност. Меѓутоа, стеатозата е сериозна состојба од аспект на тоа што доколку не е лекувана може да прогредира до цироза.

Exit mobile version