Рецепти

Како да направите совршена салата?

Салатата можеби звучи како едноставно јадење, но составот и начинот на подготвување може да направи огромна разлика во тоа колку често и со колку сласт јадете салата.

Нутриционистите препорачуваат најмалку пет порции овошје и зеленчук дневно, а со јадењето салата како прилог или како едно од вашите главни јадења ќе се храните поздраво и ќе имате повеќе енергија.

Во продолжение ќе ви претставиме рецепти за 3 видови салати кои можете да ги подготвите кога вам ви одговара најмногу.

  1. Медитеранска салата за појадок

Потребни состојки:

2-4 јајца

Реклама

200 грама рукола

300 грама свежи шери домати (преполовени)

1/2 свежа краставица (исечкана)

180 грама сварена киноа

1 авокадо

110 грама бадеми или други јаткасти плодови (исечкани)

1/2 лажица зачини по избор (копар, нане, босилек, оригано)

1 лимон

Маслиново масло

Сол, бибер

Начин на подготовка:

Прво сварете ги јајцата. За да бидат меко варени прво загрејте ја водата до вриење, а потоа намалете го огнот и ставете ги јајцата да се варат 5-6 минути. Тргнете ги од огнот и прелијте ги со ладна вода за да го спречите понатамошното варење. Потоа излупете ги. Во голем сад измешајте ги руколата, шери доматите, краставицата и киноата. Прелијте со малку маслиново масло, зачинете и повторно измешајте. Салатата можете да ја распоредите во 4 чинии (или 2 поголеми). Додајте ги претходно исеченото авокадо, јајцата исечкани на половина од зачините по избор. На крајот додајте уште и сол и бибер по вкус, како и исцеден лимонов сок и уште малку маслиново масло.⁠

  1. Слатко-солена салата

Потребни состојки:

2 мали слатки компири (или 1 поголем) исечкани на мали парчиња

300 грама салата по избор

1 лажица кокосово масло (или друго по избор)

3 лажици лимонов сок

1 лажица маслиново масло

100 грама боровинки

1 средно авокадо

4 лажици хумус

Сол, бибер, исечкан магдонос

Начин на подготовка:

Загрејте поголема тава на оган со средна температура. Кога ќе се загрее додајте ги маслото, компирот, солта и биберот и измешајте. Распоредете ги во еден слој за да се зготват рамномерно и ставете го капакот за да не испарува. Варете 3-4 минути. После тоа свртете го компирот за да бидете сигурни дека ќе се зготви рамномерно. Ако пребрзо потемни, намалете ја температурата. Продолжете да готвите додека компирот не добие златно-костенлива боја од двете страни – отприлика 10-15 минути. Во меѓувреме подгответе го преливот од лимонов сок, маслиново масло, сол и бибер. Сè тоа треба да се соедини со лажица или ако сте го ставиле во стаклена тегла – убаво да се промеша. Послужете така што ќе ја распределите салатата во чинии и на врвот ќе ги додадете печениот сладок компир, боровинките, авокадото, хумусот и магдоносот. Се послужува со преливот од страна. Остатоците може да се чуваат 2-3 дена (одвоени од преливот) иако најдобро е да бидат свежи.

Имајте добар апетит и хранете се здраво!

Миа Симоновска

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button