Превкусна, нискокалорична салата со јајца. Во неа има помалку од 300 калори, а толку многу ќе ве засити. Со својот освежителен вкус, претставува совршен, освежителен оброк за жешките летни денови.
Состојки:
- 2 варени јајца
- марула
- 1 парче леб од прортени пченични зрна (или интегрален)
- 1 домат
- малку изрендан пармезан
Дресинг:
- 50g нискомасен грчки јогурт (или кисело млеко)
- 5g сенф
- сок од половина лимон
- малку изрендана кора од лимон
- малку сол, црн бибер, рузмарин, босилек и лук во прав
Начин на подготовка:
Сварете ги јајцат (да бидат тврдо варени), а потоа исечкајте ги .
Издробете ја марулата.
.Потпечете го лебот и исецкајте го на мали коцки.
Ситно исечкајте го доматот.
Измешајте ги сите состојки, прелијте со дресингот и додатете малку изрендан пармезан.
Нутритивни вредности:
Калории: 286 Јаглехидрати:20g Масти:11g Протеини:24g
За повеќе здрави и вкусни рецепти посетете ме на мојот инстаграм профил: https://www.instagram.com/the_fitnesscook/
Мануел Трајчев