ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Сончаница: колку е опасна и како да се заштитите?

Сончаницата е акутно оштетување на мозокот предизвикано од сончево (топлотно) зрачење. За време на високи температури честопати слушаме  дека ни е неопходна  заштита од сонцето, а препораката е да не излегуваме на сонце во периодот од 12 до 17 часот. Но зошто? Какви се последиците од долгото изложување на сонце?

Покрај видливите последици како што се изгореници по телото, малаксаност, главоболка, една од посериозните последици кои можат да се јават е сончаницата.

Сончаницата се јавува како одговор на организмот на високата температура и прекумерното изложување на главата и тилот на сонце, а без никаква заштита. Сончаницата почесто се јавува кај децата, постарите со хронични болести и ќелавите луѓе.

Карактеристично за сончаницата е тоа што постои т.н. задоцнета сончаница која се јавува додека спиеме.

Кога се јавува сончаницата?

Бидејќи се јавува како одговор  на организмот на висока температура, може да заклучиме дека се јавува при долги патувања во превозни средства без клима, на море при неадекватна заштита, но не е исклучено да добиеме сончаница и додека сме на планина, бидејќи таму ултравиолетовите зраци се појаки.

Кои се симптомите на сончаница?

Најчесто сончаницата се јавува 6 до 12 часа по изложување на сонце. Може да ја препознаеме по:

Децата се најосетливи на сончаница. Ако не се реагира на време и не се дадат соодветни лекови, може да настапи кома, па дури и смрт.

Кога кај некој ќе забележиме знаци на сончаница, треба да го сместиме во разладена просторија, да му ја соблечеме облеката и да му дадеме нешто ладно за пиење. Телесната температура треба да биде под 38.

Кога да побараме лекарска помош?

Превенција

Сончаницата може да се избегне доколку се користи соодветна заштита за сонце, како што се шеширите. Важно е повеќе време да поминуваме во сенка. Ако сме директно изложени на сонце, а не сме во можност да носиме шешир, треба почесто со да го разладуваме лицето, косата, тилот и многу е важно почесто да пиеме течности.

Исто така, ден после сончаницата не треба да се сончаме, туку треба да престојуваме во разладена просторија и да пиеме течности.

Exit mobile version