ДОРУЧЕК
Протеински палачинки со Грчки јогурт (или павлака)
Состојки
- 100 гр. овесни снегулки
- 120 гр. Грчки јогурт или обична павлака
- 2 јајца
- 180 мл. млеко по желба (јас најчесто користам бадемово млеко меѓутоа било какво млеко ќе одговара)
- 1 лажичка ванила во прав
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка прашак за пециво
Начин на подготовка
- Во блендер или сецко се блендираат овесните снегулки се додека не се добие текстура на брашно.
- Во длабок сад се додава добиеното брашно од овес заедно со сода бикарбона И прашак за пециво и се промешува
- Се додаваат и останатите состојки и повторно убаво се промешува додека не се добие кремаста соединета смеса
- Смеса се остава да отстои 15-20 минути на собна температура
- Се загрева нелепливо тавче за пржење на средна температура и се додава кокосово масло (или било какво масло за да се спречи лепење на смесата)
- Кога маслото е загреано се додаваат околу 4 големи лажици од смесата во центарот на тавчето во форма на круг и се пржат додека не се појават меурчиња. Се врти од другата страна и се пржи уште дополнителни 2-3 минути
- Се сервираат и се додаваат топинзи и додатоци по желба
РУЧЕК
Здрави пилешки прсти
Состојки
- 500 гр. пилешки гради (околу 3 парчиња),исецкани на тенки ленти
- 1 лажица маслиново масло
- 2 лажици лимонов сок
- малку сол и бибер
- 1 јајце + 1 лажичка вода
За поховање
- 50 гр. мелени бадеми
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка сув магдонос
- ½ лажичка црвен бибер
- ½ лажичка лук во прав
- ½ лажичка сол
Начин на подготовка
- Се загрева рерната на 220° и се подготвува тава за печење. Доколку користите нелеплива тава само се додава малку зејтин, доколку користите обична тава поставете хартија за печење
- Во сад се додаваат пилешките гради, се полеваат со маслиновото масло и лимоновиот сок и се “масираат” за сите парчиња да бидат подеднакво опфатени и намачкани
- Се додава малку сол и бибер и повторно се промешува
- Во мал сад се додава јајцето и водата и со маталка се промешува за да се соединат белката и жолчката
- Во одделен сад се додаваат сите состојки за поховање и се промешуваат
- Секое парче од пилешкото месо се валка прво во смесата од јајце па потоа во смесата за поховање и се протресува за да падне остатокот
- Се поставува на тавата за печење и се повторува постапката со останатите парчиња месо.Парчињата месо се поставуваат така што ќе имаат простор меѓу нив
- Се печат 10 минути , се превртуваат од другата страна и се печат уште дополнителни 10 минути (20 минути вкупно)
- Се сервираат со додатоци по желба, моја препорака: зелена салата и печени компири
УЖИНА
Сирови бомбици со малина
Состојки
За. бомбици
- 150 гр. индиски ореви
- 35 гр. кокосови снегулки
- 60 мл. јаворов сируп (или мед)
- 2 лажици кокосово масло (на собна температура, не комлетно стврднато)
- неколку замрзнати малини
За чоколадниот прелив*
- 120 мл. кокосово масло (стопено)
- 60 мл. јаворов сируп
- 80 гр. какао во прав
- Може да се користи 1 чоколадо стопено во замена за чоколадниот прелив
Начин на подготовка
- Во блендер или мултипрактик се додаваат индиските ореви и кокосот и се пулсира додека не се иситнат на малечки парчиња. Текстурата е во зависност од желбата. Ако се иситнат на многу ситно текстурата на бомбиците ќе биде по кремаста, а доколку се остават и поголеми парчиња текстурата ќе биде по крцкава
- На истата смеса се додаваат и останатите состојки за бомбиците и се блендира додека сите состојки не се соединат
- Смесата треба да биде доволно леплива за да може лесно да се формираат топчиња без да се распаднат. Доколку е премногу сува се додава уште малку јаворов сируп или кокосово масло се додека не се постигне посакуваната смеса
- Од добиената смеса се формираат топчиња во големина по желба и во средината се додава по една малинка и повторно се ролаат така да малинката биде во средина и од сите страни е покриена од смесата
- Се оставаат во фрижидер да зацврстат а во меѓувреме се подготвува чоколадниот прелив
- Сите состојки за чоколадниот прелив се додаваат во мал длабок сад и се мешаат додека не се добие течна соеднета смеса налик чоколаден прелив
- Доколку се користи готово чоколадо само се топи во микробранова или на рингла во мало тенџерче
- Секоја бимбица се прелива во чоколадниот прелив и по желба се проросуваат со кокосови снегулки
- Бомбиците се оставаат во фрижидер да зацврстат половина час и потоа се спремни за конзумирање
- Се чуваат во фрижидер или пак замрзнивач и до неколку месеци
ВЕЧЕРА
Полнет модар домат
Состојки
- 3-4 мали модри патлиџани
- околу 10тина шери домати
- 1 конзерва наут
- 1 мал кромид, исецкан на ситни коцки
- 1 чешне лук, ситно исецкан или испасиран
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка кимион (зачин)
- 1 лажичка оригано
- магдонос за сервирање, ситно исецкан
- масло за пржење
Начин на подготовка
- Модрите домати се премиваат да се отстрани било каква нечистотија, се бришат со чиста крпа и се сечат вертикално на две половини
- Се поставуваат на тава за печење, се премачкуваат со масло за печење и со вилушка се боцкаат неколку пати така што нема да испукаат при печење
- Се печат на загреана рерна од 220º околу 30тина минути односно додека не се боцнат со вилушка лесно. Треба да бидат меки
- Во меѓувреме се додава наутот во цедалка и се премива со ладна чиста вода. Се остава да се исцеди убаво додека се спремаат останатите состојки
- Во тава за пржење се додава малку масло за пржење и се остава да се загрее. Се додава исецканиот кромид и лук и се остава да се карамелизира односно да се пржи додека не добие транспарентна боја
- Се додаваат наутот,зачините и шери доматите и се оставаат да се пржат се додека наутот не добие златеникаста боја. Околу 10тина минути на средно-висока температура
- Испечените модри патлиџани се вадат од рерна и се пресекува внатрешниот дел на секоја половина односно се прави место да се додаде филингот од смесата
- Се додава рамномерно во секоја половина од модрите патлиџани еднакво и се вракаат во рерна уште 10тина минути
- Магдоносот се додава кога ќе се извадат од рерна
- Може да се чуваат во стаклен сад во фрижидер до 5 дена