Синдром на суви очи: Што може да направите за да ја подобрите состојбата?

Синдром на суви очи: Што може да направите за да ја подобрите состојбата?

Можеби имате чувство дека имате песок во очите или ве печат и чешаат. Можеби сте преосетливи на светлина, имате заматен вид или имате потешкотии со носење на контактни леќи. Сѐ ова се проблеми предизвикани од суви очи.
Можеби ова не е страшен и сериозен проблем, но во секој случај ќе ви прави неудобност и непријатни ситуации. Што може да превземете за да ја подобрите состојбата на вашите очи?

На очите им е потребна влажност

Тоа им помага да ја вршат непречено нивната функција, а притоа да не чувствувате неудобност. Вашето тело нормално ги влажни очите, но при одредена абнормалност очите стануваат суви, болни, а афектиран е и видот.

Што прават солзите?

Тие ја смируваат површината на вашите очи и ги штитат од дербис и инфекции. Секогаш кога трепкате, солзите поминуваат врз површината на окото и потоа се дренираат  во внатрешниот агол на окото. Ако немате доволно солзи, очите стануваат суви и иритирани.

Синдром на суви очи

Најчеста причина за суви очи е keratoconjunctivitis sicca (KCS) или синдром на суви очи. Може да биде предизвикан од повеќе фактори и во зависност од тоа може спонтано да се повлече или да перзистира подолго време.

Можни причини:

Годините

Функцијата на жлездите кои продуцираат солзи се намалува со текот на годините. Па, така и влажноста на очите се намалува.

Друга болест

Автоимуни болести, кога имуниот систем на телото афектира други делови од телото, може да предизвикаат намалено создавање на солзи и суви очи.

Операција на око

Сувост на очите може да биде несакан ефект од операција на катаракта и други операции за корекција на вид. Нервите кои помагаат во создавање на солзите може да бидат оштетени при овие оперативни зафати. Најчесто овој несакан ефект се повлекува со постоперативно заздравување.

Инфекција на солзниот канал

Уште се нарекува и dacryocystitis, настанува кога солзниот канал е блокиран и населен од бактерии. Најчест е кај новороденчиња, но може да се случи на која било возраст. Симптомите вклучуваат болка, црвенило, оток, премногу солзи и треска. Антибиотиците се најчестиот третман, но на некои луѓе им е потребна мала операција за да се расчисти.

Лекови

Ако имате симптоми на суви очи и земате лекови, прочитајте го упатството. Некои лекови, како што се антихистаминици, бета-блокатори и некои антидепресиви, можат да влијаат на вашите солзи и да ги исушат очите.

Што може да ја влоши состојбата:

Ниска влажност

Ако нема многу влага во воздухот – во загреана или климатизирана просторија или во авион, сувите очи можат да се влошат уште повеќе. И многу ветер може да го направи тоа, исто така (тоа вклучува возење велосипед без заштитни очила).

Долго време гледање во екран:

Гледањето во екранот на компјутер или телефон подолг временски период може да предизвика проблеми затоа што веројатно ќе трепкате поретко и поретко ќе ги влажните очите.

Контактни леќи

Кога се суви контактните леќи може да станат неудобни и тешки за носење, а воедно и да ви направат проблем со влажнењето на очите.

Што може да ја подобри состојбата:

Вештачки солзи

Овие солзи може да ги набавите од аптеката како капки или маст. Некои имаат хемикалија, на која може да станете резистентни т.е имуни и може да нема никакво дејство ако ги користите премногу долго и често, но тоа не го имаат сите. Ако веќе морате, одберете капки соодветни за вас.

Променете ја вашата исхрана

Меѓу другите здравствени придобивки, капсулите со ленено масло, како додаток на исхраната, исто така, можат да помогнат да ги одржите очите влажни.

Превнција

Ако очите ви се суви, добра е идејата да се држите подалеку од некои работи што можат да ги иритираат, како фен за коса, климатизација, ветер, чад и некои хемикалии. За време на спортски или активности на отворено, користете очила за пливање или скијање или други заштитни очила кои ви помагаат да ја одржувате влагата во очите.

Кога да побарате помош од офталмолог?

Доколку до сега не сте имале ваква или слична состојба на очите, а тоа трае неколку дена, разговарајте со лекар пред да употребувате вештачки солзи или други лекови на своја рака.

Коментари