ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Кои се симптомите на ишијас и кога да побарте помош?

Ишијас е термин кој се однесува на болки во долниот дел на грбот, а настанува кога ќе дојде до воспаление на нервот ишијадикус (n. ischiadicus).
Нервот ишијадикус започнува од долниот дел на грбот и се протега кон двете нозе. Кога ќе се воспали, поради повреда или притисок врз самиот нерв, предизвикува болка во лумбалниот дел на грбот која може да се прошири кон колковите, задникот и нозете.

Други термини кои се користат: ишијалгија и лумбоишијалгија.

Зошто настанува ишијас?

Најчесто настанува кога еден од петте рбетни корени на овој нерв е „нагмечен“, но ишијасот може да биде и симптом на други болести.

Исто така, подигнување на голема тежина во незгодна положба на телото е тригер за појава на болка во грбот и воспаление на нервот. Затоа, доколку посетувате тератана и вежбате со големи тежини, исклучително е важно правилно да ги изведувате вежбите.

Најчести предизвикувачи на ишијас

Ризик фактори

Симптоми на ишијас

Главен симптом е болка во лумбалниот дел на кичмата која може да се прошири по должина на нервот.

Болката варира од умерена и тапа до остра и нагла, а се интензивира при нагли движења или напрегање (смеење, кашлање, кивање).

Освен болка, чести симптоми се:

Дијагноза

Покрај клиничката слика на пациентот, за да се дијагностицира ишијас, се користат и следниве:

Кога да се јавите на лекар?

Треба да се консултирате со лекар ако болката во долниот дел на грбот трае повеќе од една недела, ако болката е интензивна или ако се влошува.

Веднаш побарајте медицинска помош ако:

Exit mobile version