Што е седиментација на еритроцити и што значи кога таа е забрзана

Што е седиментација на еритроцити и што значи кога таа е забрзана

Седиментација на еритроцитите е една од првите лабараториски анализи на крвта која почнала да се користи во современата медицина. Претставува брзина со која се таложат еритроцитите во посебно конструирана стаклена цевка изразена во милиметри талог од еритроцити во единица време.

Значењето на седиментацијата е во тоа што таа укажува на можно постоење на органска болест или следење на текот на болеста.

Причина за забрзана седиментација на еритроцитите

Причина е зголемената количина на плазма протеините: фибриноген и глобулин со голема молекуларна маса во разни патолошки состојби што доведува до создавање на т.н. Rouleaux формација на еритроцити кои се таложат на дното. Резултатите од тестот се изразуваат во милиметри на час.

Сензитивност и специфичност

Иако е многу неспецифична и несензитивна метода и денес се користи во рутинска пракса. Терминот неспецифична значи дека порастот на седиментацијата не разјаснува за која точно болест станува збор. Од друга страна оваа метода е и неспецифична. Многу тешки дури и животозагрозувачки состојби можат да бидат пратени со нормална седиментација.

Нормални вредности


Возрасни (Westergrin метод):

  • Мажи под 50 години: помалку од 15 мм/час
  • Мажи над 50 години: помалку од 20 мм/час
  • Жени под 50 години: помалку од 20 мм/час
  • Жени над 50 години: помалку од 30 мм/час

Деца (Westergrin метод):

  • Новороденчиња: 0 – 2 мм/час
  • Неонатус-до пубертет: 3 – 13 мм/час

Зголемени вредности на СЕ се јавуваат при:

  • Бубрежни болести
  • Анемија
  • Остеомиелитис
  • Бременост
  • Реуматска треска
  • Ревматоиден артритис
  • Сифилис
  • Системски еритемски лупус
  • Заболувања на тироидна жлезда
  • Туберкулоза
  • Други воспалителни состојби

Многу зголемена СЕ(троцифрена)

  • Giant cell артритис
  • Хиперфибриногенемија
  • Мултипен миелом
  • Примарна макроглобулинемија
  • Некротизирачки васкулитис
  • Ревматична полимијалгија

Намалена СЕ

  • Застојна срцева слабост
  • Хипервискозност
  • Хипофибриногенемија
  • Хипопротеинемија
  • Полицитемија
  • Српеста анемија

 

Иако зголемената седиментација како наод е неспецифичен, тој е сериозен показател дека нешто не е во ред со нашиот организам и укажува на итна потреба од дополнителни лабараториски и дијагностички испитувања.

Коментари