COVID-19

Самоизолација и карантин- синоними или не?

Во услови на пандемија и борба против коронавирусот самоизолацијата и карантинот на луѓе кои се потенцијално болни, болни или биле во контакт со заразени, се прв избор при превенција и спречување на ширење на вирусот. Но, што е разликата меѓу само изолација и карантин?

Домашна изолација или самоизолација во основа претставува 24 часовен престој во сопствениот дом 14 дена, редовно мерење на телесна температура, следење на симптоми и постојан контакт со матичен лекар, кој ако е потребно ќе интервенира за натамошно лекување, или ако е се’ во ред да го прекине надзорот или терапијата.

Совети за правилна самоизолација :

-Редовно мијте раце и одржувајте хигиена повеќе од било кога.

-Останете дома, освен во случај на итност.

Реклама biskviti za deca

– Доколку имате можност, работете од дома.

– Одделете се од останатите во различни простории.

-Редовно проветрувајте ги просториите.

-Редовно дезинфицирајте ги тоалетот, кујната и другите површини во домот  кои сите ги користат.

– Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.

-Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.

-Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте амбуланти, болници или други здравствени установи, туку телефонски исконтактирајте го вашиот матичен лекар и следете ги неговите упатства или јавете се во службата „Ало докторе“ на следните броеви :

 

ЦЈЗ Битола – 071/261-330
ЦЈЗ Велес – 071/219-278
ПЕ Гевгелија – 078/545-444
ЦЈЗ Кочани – 071/373-913
ЦЈЗ Куманово – 070/215-851
ЦЈЗ Охрид – 070/723-029
ЦЈЗ Прилеп – 076/475-747
ЦЈЗ Скопје – 071/289-614
ЦЈЗ Струмица 072/235-543
ЦЈЗ Тетово 075/240-464
ПЕ Гостивар 076/365-161
ЦЈЗ Штип 078/365-613
ИЈЗ Скопје 078/387-194
ЗД Ало докторе 02/15-123

Карантин претставува изолација со која се ограничува движењето на болни, сомнинтелни болни,  лица кои патиувале во високо ризични земји или биле во контакт со веќе заболени и притоа пројавуваат симптоми на вирусот или се позитивни на истиот, во наменски простории каде што ризикот за ширење на заразата е сведен на минимум. Овие лица се под постојан надзор од медицински персонал, инфектолози, епидемиолози кои постојано ја следат нивната состојба и интервенираат.

Во нашата држава, покрај државните карантини, се’ повеќе доброволно се пријавуваат  хотели, приватни здравствени установи и клиники кои отстапуваат легла и услови за изолација доколку се потребни.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button