Рецепти

Дорадо со домашно песто

Рибата е храна со одлична хранлива вредност која обезбедува високо квалитетни протеини и разни витамини и минерали како: витамини А и Д, магнезиум и фосфор, полинезаситени омега-3 масни киселини со долг ланец, чии позитивни ефекти врз здравјето се веќе познати.

За таа цел ви предлагаме да зготвите риба со домашен песто сос.

За песто :
Нане
Босилок
2 чешниња лук
шака капари
пола чили пиперче
малку рендана кора од лимон
пола цеден лимон
прстофат сол
90ml маслиново масло

1кг дорадо/морски бас/морска платика
сол
бибер
маслиново масло
рукола
цеден лимон

Подготовка на песто:
Во сад ставете ги потребните состојка, посолете и додајте го маслиновото масло и истолчете ги сите заедно.

Реклама biskviti za deca

Подготовка на рибата:
Исчистете ја рибата (внимателно има мали коски) и пресечете ја на еднакви филети, зачинете ги филетите со сол, бибер и премачкајте ги со маслиново масло. На веќе загреана скара ставете ги филетите и нивната подготовка трае околу 6-7 минути . Премачкајте ја внатрешната страна на рибата со веќе подготвениот песто сос и оставете ја уште минута две на скарата , а потоа сервирајте ја и повторно премачкајте со песто сосот и оставете ја на страна околу 2 минути. Доколку кожата испука без грижи, вам ви е побитна внатрешната страна на рибата да е добро приготвена.

Во сад ставете ја руколата, зачинете ја со сол, малку маслиново масло и цеден лимон, измешајте ја и подготвена е за сервирање.

Пријатен апетит!


Мирјана Димитриевска

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button