ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Зошто жените треба редовно да прават мамографија?

Мамографијата е рендгенска метода која користи ниска доза на Х­ зраци и е златен стандард во раното откривање на ракот на дојка и други патолошки промени во неа. 

Најчесто се користи за откривање на рак кај жени кои немаат симптоми и ова се нарекува скрининг мамографија.

Исто така, се користи за преглед на жени кои имаат патолошки симптоми на дојките, како појава на топчиња или грутки, болка, исцедок од брадавицата и слично. Ова се нарекува дијагностичка мамографија.

Како се изгледа прегледот ?

Мамографија е процедура која не трае подолго од 20 минути, а користи рендгенски Х зраци. Ќе треба да се соблечете од половина нагоре.  

Радиолошкиот технолог ќе ве намести во позициите за снимање. Вистинската компресија на дојката трае неколку секунди.  Можно е да почувствувата мала болка кога дојките се под притисок, меѓутоа тоа трае сосема кратко.

На денот на прегледот најдобро е да не користите антипреспирант или дезедоранс бидејќи од тоа може да се прикажат бели точки и да се добие лажен резултат, носете удобна облека, лесна за пресоблекување.

Прегледот најдобро е да го правите една недела по вашиот менструален циклус. На лекарот или радиологот треба добро да му ги објасните симптомите кога, како и со колкав интензитет се појавиле, а ако одите за прв пат во некоја установа понесете ги со себе сите претходни мамографии и резултати од биопсии или претходни третмани и наоди на дојките.

Зошто жените треба да прават мамографија?

Покрај редовни рутински прегледи кај вашиот лекар, добро е повремено да правите самопреглед на вашите гради.

Бидете одговорни кон своето здравје, бидете пример и охрабрете ги сите жени околу вас.

Exit mobile version