Здравје кај децаЗдравје кај жениЗдравје кај мажиЗдравје од А до ШЛекови и суплементи

Редовен внес на витаминот Д, за полесно пребродување на Корона вирусот

Бројни студии го поврзуваат недостатокот на витамин Д со потешките симптоми на КОВИД-19.

Во европските земји е забележана обратна поврзаност на концентрација на 25-хидроксивитамини Д во серум со бројот на случаи на инфекција со КОВИД-19, како и со смртноста. Главната цел на оваа емпириска интервентна студија е да се утврди ефективноста на редовниот внес на витамин Д во текот на изминатата година или по дијагностицирање на КОВИД-19 во зголемувањето на стапката на преживување кај постари пациенти со КОВИД-19.

Од една студија, ретроспективно се собрани податоци за 77 пациенти на возраст од 78 до 100 години, хоспитализирани во геријатриската здравствена установа во периодот од март до мај 2020 година. Во првата група биле сите пациенти со КОВИД-19 кои земале витамин Д во форма на додаток во исхраната во текот на изминатата година. Ниту еден од пациентите во првата група не земал додаток во исхраната по дијагностицирање на КОВИД-19 болест. Втората група вклучува пациенти со КОВИД-19 кои вообичаено не земаат витамин Д како додаток во исхраната, но го земале во доза од 80 000 И.Е. во рок од неколку часа по дијагностицирањето на болеста КОВИД-19. Во третата група биле сите пациенти со КОВИД-19 болест кои не земале витамин Д како додаток во исхраната воопшто.

Резултатите покажале дека 17 пациенти имале тежок облик на КОВИД-19, 62 преживеале до 14-ти ден, а пријавени се и 15 смртни случаи.

Сепак, земањето на витамин Д3 во доза од 80.000 И.Е. по дијагностицирање на КОВИД-19 не се поврзува со подобрување на исходот на болеста.

https://instagram.com/phdmakedonija?igshid=v4p5690tml4o

Експертите претпоставуваат дека е предоцна да се започне со земање витамин Д откако ќе е дијагностициран КОВИД-19, за да се намалат лошите ефекти. Научниците укажуваат на потребата да се спроведат поголеми студии за потенцијална интервенција за да се потврди дали поголема доза на витамин Д3 по дијагностицирање на КОВИД-19 болест може да ги подобри здравствените резултати.

Но, сепак најдобрата работа која би ја направиле за самите себеси е да практикувате редовен внес на витамин Д3, особено во зимскиот период кога изложеноста на сонце ни е ограничена на минимум. Витаминот Д3 на PhD ви нуди 2000 И.Е по капсула што е доволно да ги задоволи потребите на дневно ниво.

Реклама
Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button