Мирјана Мицоска: Развојна скала на прозборување кај децата

Мирјана Мицоска: Развојна скала на прозборување кај децата

Развој на говорот на 6 месеци

  • детето прави монотони вокални звуци ( “аах,гуу”),
  • се смее, се кикоти,
  • се врти и гледа во насока на изворот на звукот.

Развој на говор на  9 месеци

  • гласно дрдори и мелодично користи двојни слогови во долги низи на пр: “та-та”, ”ба-ба”, “ ма-ма”,
  • имитира вокални звуци на возрасни пр: накашлување,
  • разбира “не” и “чао”,
  • слуша додека му се зборува.

Развој на говор од 12-18 месеци

  • ги разбира имињата на предметите кои го опкружуваат
  • разбира едноставни пораки на пр: плескај со “рацете”, “кажи чао со раката,
  • разбира/извршува едноставни барања- „подади ја топката“ итн.,
  • знае да покаже барем 3 делови од телото,
  • со глава покажува не/не сакам,
  • гласно брбори во играњето и ја имитира вокализацијата на возрасните,
  • располага со фонд од 6 -20 зборови.

Развој на говорот од 18-24 месеци

  • го знае своето име,
  • способно е да покаже 5 дела од своето тело,
  • ги препознава и на барање покажува на предметите од најблиската околина,
  • почнува да разбира разлика помеѓу горе – доле,
  • располага со фонд над 20 зборови,
  • се служи повеќе со зборови отколку со гестови.

Развој на говорот од 24 – 30 месеци

  • на слика од човек покажува најмалку 5 делови од тело,
  • се користи со реченици од 2-3 зборови,
  • поставува прашања: Што? Каде?,
  • одговара на прашања со да или не,
  • брои од 1 до 5.

Развој на говорот од 30 – 36 месеци

  • разбира и следи две наредби по ред, на пр : “земи ја книгата и стави ја на маса”,
  • ги разбира исказите за минатите и идните настани,
  • се служи со реченици од 3,4 или повече зборови,
  • правилно користи именки,
  • бара предмети именувајќи ги,
  • говорот е разбирлив.

 

РАЗВОЈНИ НОРМИ НА ГЛАСОВИТЕ

Говорни норми за деца од 3 до 3,5 години. На оваа возраст вашето дете треба да ги изговара следните гласови :

A, E, И, О, У, П, Б, Т, Д, К, Г, М, Н, Њ, В, Ф, Ј, Х

На 4 – 4,5 години вашето дете правилно треба да ги изговара:

С, З, Ш, Ж, Ч, Џ, Ѓ, Ќ, Ѕ, Л, Љ

И веќе на 5 годишна возраст детето мора правилно да ги изговара сите гласови вклучувајќи го и гласот  Р како единствен вибрант во нашиот јазик кој се формира најдоцна во говорот, односно до 5,5 години тој мора да се изговара правилно.

 

 Мирјана Мицоска, клинички логопед – специјалист 

Коментари